Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

policija logo27.09.2016  Надворешната канцеларија за надворешни работи - Кочани поднесе кривична пријава против пет лица на возраст од 20 до 38 години и еден 15-годишен малолетник, сите од Кочани.

Тие се осомничени дека сториле осум кривични дела „тешка кражба“, едно кривично дело „тешка кражба во обид“ и 2 кривични дела „кражба“.

Пријавените во периодот од 16. jануари до 28 август оваа година на подрачјето на Полициската станица - Кочани со употреба на соодветен предмет ги оштетувале вратите или прозорците и влегувале во куќи, подруми, продавници и магацински простории во кои ги извршувале кражбите.

Повеќе...

leb od tekstil27.09.2016  И Кочани е дел од мрежата градови во Македонија влезени во хуманитарно-еколошката акција за собирање користена облека.

Симболично активноста го носи називот “Леб од текстил“, а во неа можат да се вклучат сите граѓани од општината. Од хуманитарната организација “Адра Македонија“, која е носител на акцијата, велат дека подготовките за нејзина реалзиација се во тек и се планира завршницата да биде идната недела.

- Ова е еколошка хуманитарна акција каде ќе се собира половна облека и обувки, значи луѓето кои сметаат дека веќе немаат потреба да ги користат, можат да ги донираат за потребите на граѓаните кои што имаат потреба да ги примаат овие работи.

Повеќе...

ZNM istok26.09.2016  Новинарите од источниот регион кои се членови на Здружениетo на новинари на Македонија му ја дадоа поддршката на досегашниот координатор на регионалниот центар, Иван Бојаџиски, за уште еден четирогодишен мандат.

На изборното собрание што се одржа во Кочани одлуката беше донесена со мнозинство гласови од присутните, при што беше образложена со фактот дек во изминатиот период се реализирани низа активности што беа зацртани во програмата за работа на регионалниот центар.

На состанокот беа пренесени и оценките за условите и околностите во кои работат новинарите во регионот.

Повеќе...

fudbal osogovo bregalnicagolak26.09.2016  Во саботата на стадионот “Никола Мантов“ се одиграа два фудбалски натпревара во првенствата на лигите во кои настапуваат нашите екипи.

По паузата во претходното коло кога тимот на ЖФК “Кочани“ беше слободен, во третото коло тој беше домаќин на кумановската екипа “Речица“ против која забележа победа од 4:1. Сепак, крајниот резултат не е најдобар одраз на она што се случуваше на теренот, со оглед што гостинките први дојдоа во водство со голот на Николовска уште во 10 минута.

На домашните фудбалерки им требаше уште извесен период за да се консолидираат да да сфатат дека можат да го загубат натпреварот.

Повеќе...

pozarnikari vinica donacija22.09.2016  Пожарникарите во територијалната противпожарна единица од Виница со нова опрема дизајнирана по австриски терк.

Омбер Шнајдер, сопственикот на австриската текстилна компанија “Текспорт“ која работи во индустриската зона во Виница, со донација за пожарникарите од овој град.

Со тоа ја искажа својата благодарност за подршката од Општината и градоначалникот Дончев во досегашната реализација на оваа странска инвестиција која успешно работи на територијата од општината и вработува лица од повеќе градови од Истокот.

Повеќе...

prostorii asnom121.09.2016  Нема промени во начинот на користењето на просториите на Народна техника во комплексот АСНОМ од пред четири години, кога Канал 8 се интересираше за статусот на кочанските радиоаматери.

И понатаму објектот има заклучени врати, а просторот од северозападната страна е руиниран, уништен и претворен во депонија.

Просториите од пред извесен период му се дадени на користење на Универзитетот “Гоце Делчев“ од Штип, но наместо најавената реконструкција и уредување на една училница како судница за практична настава на студентите на Правниот факултет, работите не се помрднати од место.

Повеќе...

med pateka klukajdrvce21.09.2016  На работна средба што во организација на Македонското еколошко друштво се одржа во Кочани беа претставени резултатите од спроведените активности од проектот „Патеката на клукајдрвчето“.

Проектот е дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија, чиј национален координатор е Фармахем, а финансиската поддршка е од Швајцарската агенција за развој и соработка.

На работната средба учествуваа професори, стручни лица од основните кочански училишта, претставници од Шумското стопанство како и од Општината.

Повеќе...

ping pong1121.09.2016  На последниот работен состанок со претставнциите од клубовите што се одржа пред неколку дена во Скопје е договорено на 2 октомври да стартува новото првенството во Првата пингпонгарска лига.

Според информациите од пингпонгарската федерација годинава во лигата ќе учествуваат 8 клубови, меѓу кои и ППК “Кочани“. Половина од екипите се натпреваруваа и во минатогодишното првенство, а останатите се нови во прволигашкото друштво и ќе се обидат да обезбедат што подобар пласман.

Распоредот на натпреварите е веќе изготвен и ќе се играат 14 кола, односно секоја од екипите по еднаш ќе игра на домашен и на гостински терен.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

23°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 33%
Ветер: WSW при 4 kmh
Четврток9°C/26°C
Петок11°C/27°C
Сабота13°C/27°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години

Имаме присутни 546 гости и нема членови

web counter
qr code