24.02.2014 Полициската станица Кочани поднесе кривична пријава против В.Ј.(45) од Кочани, службено лице во АД „Македонска Пошта“ Скопје - Подружница Кочани.
Таа се товари за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело „послужување во службата“.
Во текот на 2013 година, пријавената спротивно на одредбите од Упатството за вршење платен промет во земјата, паричните средствата уплатени од физички лица по основ на платени фактури за електрична енергија и воден надомест ги присвојувала за себе притоа сторнирајќи ги сметките, а некои не ги евидентирала.
Од трансакциони сметки на девет лица со налози за исплата на готовина подигала парични средства и ги користела за себе, а потоа со уплатница повторно им ги плаќала на сметките.
На овој начин, пријавената неовластено се послужила со 1.829.387 денари, противправно за себе присвоила 39.304 денари, а го оштетила друштвото за 27.429 денари.
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}