X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sednica30.04.2014  Без вообичаените дискусии на советниците од опозицијата и репликите на оние од владејачката коалиција, осумнаесеттата седница на Советот на Општина Кочани, заврши во рекордно краток рок во споредба со бројот на точките од дневниот ред.

Иако на листата се најдоа 48 информации, извештаи и предлог-одлуки поврзани со работењето на Локалната самоуправа во текот на минатата и во првото тромесечие од оваа година, целата работа беше завршена за околу два часа. Најголемиот дел од точките поминаа со нивно читање и позитивно гласање.

Опозициските советници не поддржаа ниту една од точките што се однесуваа на информации за работењето на институции и служби од локалната сампоуправа во текот нa 2013 година.

Краткото образложение за тоа е дека се работело за документи што се однесуваат на период што веќе одамна е поминат, а својата поддршка тие ја дале само за оние точки кои се однесувале за работата на Општината во оваа година, за да се испочитува интересот на граѓаните.

Меѓу точките по кои имаше мала дискусија беше извештајот за работењето на Центарот за развој на Источниот плански регион, каде се најде прашањето за овогодишните активности за заштита од комарците и дали Центарот ќе се вклучи во нив.

- Минатата година секоја општина прскаше пооделно, а за оваа година се уште не се имаме произнесено генерално на седница на Совет за развој на Источниот плански регион, дали тоа да остане како претходно, односно да се вратиме како пред две години регионално, или секоја општина поединечно. Дискутабилно е дали прскањето би било поефективно ако се прска како регион или по општини и сепак треба некој постручен да се произнесе во однос на тоа, рече Александар Николов од Центарот за развој на Источен плански регион.

Покрај информациите и извешаите за работењето на службите и институциите во Општината за минатата година, советниците меѓу другото дадоа поддршка и за предлог-одлуката за продолжување на субвенционирањето на јавниот градски превоз, одлуката за официјално именување на градскиот стадион “Никола Мантов“, а разгледани и усвоени беа и завршните сметки зна општинските училишта, на детската градинка “Павлина Велјанова“, на библиотеката “Искра“ и на КЈП “Водовод“.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/4°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 82 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click