Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vinicka-krsla08.05.2013 Деновиве во виничкото село Кршла заврши асфалтирањето на земјениот пат кој поврзува неколку маала од селото со главниот пат кој води до градот.

Патот е во должина од 650 метри и ширина од 3,5 метри, а градежните активности ги спроведе градежното претпријатие “Бетон“ од Скопје.

Покрај асфалтирање на земјениот пат беше извршена и реконструкција на истиот патен правец кај мостот на Виничка Кршла, во непосредна близина на депонијата за градежен шут.

Општина Виница овој инфраструктурен зафат го реализираше со средства од Европската Инвестициона Банка.

-Другиот пат предвиден за оваа година е с.Липец река Осојница во должина од 3,7 км и треба да биде завршен до крајот на годината. Средствата се 4 милиони и 600 илјади денари. Значењето на овој пат е што во последните неколку години се засејуваат поголеми површини на винова лоза, рече Емил Дончев, градоначалник на Виница.

Намерата е овој пат да се поврзе со патниот правец што води до селото Калиманци со што, според Дончев, се заокружува патната инфраструктура што ја поврзува Виница со соседната Општина Делчево. Локалната самоуправа планира и други инфраструктурни зафати.

Еден од капиталните проекти што се однесува до инфраструктурата во Виница годинава е изградбата на атмосферска канализација во градот и асфалтирање на локалниот пат од Виница до с. Јакимово.

Г.Лалов

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

vinicka-krsla1

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 71 гости и нема членови


web counter



qr code