Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

phishing lottery19.08.2014  Се поголем број граѓани кои се корисници на електронска пошта се жртви на т.н. фишинг или измама со добивање пораки со лажни понуди.

Операторот Т-Home излезе со известување дека веќе е регистриран зачестен прием на пораки преку кои се нуди сомнителна финансиски поволна услуга или стока или пак се бараат лични податоци заради злоупотреба и оштетување на корисниците.

Се работи за облик на измама преку кој испраќачот се обидува од корисниците да добие доверливи лични податоци како што се лозинки, ПИН-кодови и слично. Во пораките најчесто се повикуваат на лажни веб страници, кои според изгледот целосно одговараат на веб страниците на легитимните компании.

Од Т-Home предупредуваат дека најчести форми на фишинг се лажно известување со кое од корисникот бара да ги наведе личните податоци за да се спречи укинување на неговата корисничка сметка или пак лажна порака од администраторот во која се бараат податоци од корисникот, како што е лозинката. Исто така, фишинг е и добивањетро пораки со кои се известуваат корисниците дека имаат добивка на лотарија и дека на испраќачот на пораката му се потребни нивните лични податоци за да можат да ја подигнат наградата.

Фишимнг пораката најлесно се прпепознава по тоа што измамниците често го копираат визуелниот изглед на вистинските веб страници на банките и други компании.

Во последно време лажните пораки се во целост идентични со оригиналите, меѓутоа постојат одредени детали кои ја откриваат измамата, како што се правописни и граматички грешки, лажни линкови и пораки, се бараат лични податоци или пак се бара инсталирање на програма за која се тврди дека ќе го поправи пронајдениот сигурносен пропуст.

Затоа корисниците на електронска пошта не треба да одговараат на пораките кои бараат лични податоци, како и да користат сложени лозинки што често ќе ги менуваат, се вели во предупредувањето од Т-Home.

Т. Ајтовски

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 43 гости и нема членови


web counter



qr code