02.09.2014 52-годишната Јаготка Стоименова од Зрновци долги години живее во својата куќарка со секојдневен страв да не се и сруши над глава. Во лето е потешко, но без електрична енергија живее и на температури под нулата.
Таванот на куќата веќе е срушен, а собите се со земја. Стоименова е со нарушено здравје. Правена е операција од карцином, мора да оди на контроли, но нема пари за пат до Скопје на клиниката за онкологија.
Освен без струја живее и без вода. Бања нема, а ги нема ниту основните егзистенцијални услови за нормален живот. Чека и моли од институциите како и соседите да и помогнат и да се смилуваат над неа.
- Во собите немам ништо. Со земја се и немам ни инвентар, ништо немам. Оперирана сум од карцином на матката и немам пари за да идам на контрола во Скопје. Немам што да јадам. Ако ми дадат роднините кои живеат веднаш до мене ќе јадам, ако не нема да јадам тој ден. Живеам сама, фамилија немам. Кога ми падна кровот ми помогна градоначалникот Станков и ми го направија кровот на куќата, рече Јаготка Стоименова од Зрновци.
Поради ниските примања само социјална помош од 1150 денари, Јаготка вели дека не може да ги плаќа сметките за струја и вода.
-Немам струја, немам вода. Исклучена сум од 2007 ма година, додаде Стоименова.
Очекува хуманите граѓани да и помогнат, а апелира и до Црвен Крст на Кочани ако може да донира помош во храна и облека, постелнина, ќебиња и се она што може да и биде од корист.
Т. Велкова
©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}