Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

plostad1

29.05.2013  Плоштадот во Кочани ќе добие нов изглед. Така барем планира локалната власт, заради што преку Бирото за јавни набавки објави и јавен оглас. Со огласот се бараат понуди од стручни лица за можни архитектонски решенија на целиот простор. Заради стимулирање на што поголем број учесници од Општината се предвидени и награди за најдобрите предлози.

Првонаградениот ќе добие 30 илјади, а вториот и третиот по 20, односно 10 илјади денари. Меѓу другите услови што треба да ги содржат предлозите тие треба да гарантираат оригиналност и репрезентативност на концептот, креативност и инвентивност во пристапот на обликувањето и современ третман на просторот.

Конкурсот е јавен и анонимен, а право на учество на него имаат домашни и странски правни и физички лица, дипломирани архитекти или студенти на архитектура. Пристигнатите предлог решенија за новиот изглед на плоштадот ќе ги оценува 7-члена стручна комисија од општинската администрација и од Советот. На кандидатите кои ќе понудат своја визија како треба да изгледа протсторот им е даден период до 5 јули да ги достават своите идеи. Графичката обработка на прилозите треба да биде на ниво на идеен проект, а техниката е по слободен избор на авторите.

Плоштадот одамна ја има изгубено својата основна намена и е претворен во обичен паркинг простор. Заради неговата неатрактивност граѓаните се почесто го заобиколуваат, па дури и политичките партии од пред неколку години престанаа овде да ги организираат своите политички собири.

Дали новиот изглед на плоштадот ќе биде во стилот на проектот “Скопје 2014“ или ќе ја задржи линијата на сегашната архитектура останува да се види по добивањето на предлозите и изборот на најдоброто решение. Тоа треба да покаже и колку ќе ја чини Општината целиот зафат за реконструкција и уредување на просторот.

Т. Ајтовски

Сподели

plostad2plostad3plostad4

 

 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/14°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 70 гости и нема членови


web counter



qr code