Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pusenje31.05.2013 Пушењето е водечка причина за смртност во Кочани и Истокот, велат од Здружението на приватни лекари од регионот, земајќи ја предвид стапката на заболувања што се јавуваат како последица од цигарите.

-Источниот регион е со повисока смртност од македонскиот просек. Тоа е поради растечките заболувањата на кардиоваскуларниот систем, како и карциномот на белите дробови за кои голема улога игра пушењето. Сметам дека е една од целите во иднина во регионот треба да биде борбата против против пушењето - смета Златко Стојменов, претседател на Здружението на приватни лекари на Источниот регион.

Освен ракот на белите дробови, кардиоваскуларните заболувања, индиректно и карциномот на желудникот и дебелото црево и хроничниот бронхитис, ризикот на кој се изложени активните, д-р Стојменов предупредува и на опасноста за пасивните пушачи.

-Тие се најжалната категорија и најголемата жртва. 600 000 луѓе во светот годишно умираат како директна последица на пасивно пушење. Тука ги предупредуваме мајките кои пушат над своите деца, пушачите во семејствата и оние кои не го почитуваат законот за забрането пушење на јавни места- вели д-р Стојменов.

Целта Светскиот ден без цигари е да ги натера земјите во светот да ја почитуваат Рамковната конвенција на СЗО за борба против пушењето цигари, да воведат строги мерки за луѓето кои почнуваат да пушат или продолжуваат да пушат со цел да се намали нивниот број во светски рамки и да се воведе целосна забрана на стимулирање и спонзорирање реклами на тутунски производи.

Г. Лалов

Сподели

pusenje1pusenje2

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/14°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 65 гости и нема членови


web counter



qr code