ТВ Канал 8 - Кочани |
ул. “Гоце Делчев“ бр.10a (кај Градскиот пазар)
2300 Кочани
|
тел. 033/ 550-888 |
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. |
Канал 8 на Facebook |
Канал 8 на Youtube |
Телевизискиот програмски сервис е на македонски јазик, со претежно забавен општ формат.
Со процесот на дигитализација на телевизиските станици во Македонија што се изврши на 1 јуни 2013, Канал 8 престана да зрачи аналоген сигнал. Од тој датум програмата може да се следи само преку кабелските оператори “Телекабел“ и “Vip.mk“ и IPTV платформата MaxTV на T-home на територијата на општините: Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево, како и преку кабелскиот оператор “Вин-сат кабел“ и IPTV платформата MaxTV на T-home на територијата на општина Виница.
Исто така, корисниците на интернет, програмата можат да ја следат на нашиот веб портал на линкот “во живо“.
Сметаме дека наша примарна задача е правовремено и вистинито известување на гледачите, првенствено со вести од Кочани и Кочанско, но и од поширокиот источен регион.
Нашата цел е обjективна и непристрасна програма и маркетиншка поддршка на сите деловни субјекти. Затоа и понатаму работиме на себе, настојувајќи да се надградуваме технички, кадровски, организационо и да одиме во чекор со времето.
За да ја оствариме ваквата програмска ориентација, драгоцена ќе ни биде и Вашата помош. Јавувајте се со предлози, критики, сугестии и прашања.