Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stefanovski brosura22.06.2017  Македонското еколошко друштво приреди необично изненадување со објавувањето печатена брошура со колекција прекрасни фотографии на кои како мотив преовладува природата и убавините на повеќе локации на Осоговските Планини.

Автор на брошурата е Сашко Стефановски од Кочани, професор по географија и актуелен советник во Советот на  Општината.

Во печатеното издание поместени се 50-тина одлично вкомпонирани и одбрани фотографии од големата збирка со која располага авторот. Брошурата всушност е награда за неговиот труд на објавениот конкурс за најдобра фотографија од Осоговскиот зелен појас, што според активистите од Македонското еколошко друштво, заслужува да биде претставен пред пошироката јавност.

Повеќе...

olimpik fk22.06.2017  Младите вљубеници во фудбалот од Кочани и регионот кои сакаат да го покажат својот талент или да ги подобрат фудбалските вештини имаат можност тоа да го сторат во ФК “Олимпик“.

Деновиве е објавен јавен повик за запишување нови членови во клубот и во машка и во женска конкуренција. Притоа се нагласува дека тренирањето е бесплатно, односно не се плаќа членарина.

Заинтересираните можат да се пријават за време на тренинзите, секој вторник, четврток и сабота, во периодот од 18,30 до 20 часот на фудбалското игралиште покрај Масалница во населбата Оризари.

Повеќе...

osnoven sud kocani121.06.2017  Недостигот од судии во основните судови во помалите градови во Македонија предизвикува сериозни проблеми во нормалното функционирање на правосудните органи.

За да се избегнат застоите или натрупувањето предмети кај само еден или двајца судии, Републичкиот судски совет донесе одлука за привремено прекомандување на судиите од едни во други основни судови во државата.

Такво решение е донесено и за судијката Сузана Милевска од кочанскиот Основен суд, која е делегирана да работи во судот во Делчево, при што задача ќе и биде решавањето и донесувањето одлуки за правни спорови од областа на граѓанската материја.

Повеќе...

pijaloci 21.06.2017  Кондиторски и други прехранбени производи, млеко и млечни производи, како и алкохолни и безалкохолни пијалоци планира да набави Локалната самоуправа на Кочани, а за што, според проценките, од Буџетот треба да издвои над 450 илјади денари.

Се работи за редовна набавка што се реализира еднаш годишно, а се однесува за период од 12 месеци. Набавените продукти се наменети за општински потреби, односно за освежување гости при посета на делегации, за потребите на Советот, како и настани и прослави чиј организатор е Општината.

Дел од производите ќе бидат наменети за помош на граѓани од социјално ранливите категории.

Повеќе...

PCELI ramka121.06.2017  Временските неприлики им го намалија приходот на пчеларите од Кочанско.

Пролетните мразеви не беа добредојдени за пчеларството. Приносите годинава нема да бидат на задоволително ниво.

- Годината почна лошо уште од самиот старт. Прво имавме ладна зима која што предизвика загуби и штети на пчелните семејства, а подоцна и пролетниот мраз допринесе багремот да измрзне во 90% и од него всушност немаше никаков принос. Измрзнаа и сите овошки така што тие неприлики ќе се одразат на приносите и нема голема надеж за добри приноси, рече Васко Митров, пчелар од с. Теранци.

Повеќе...

DZUDO kocani21.06.2017  Во конкуренција од 400 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Грција, Турција, Холандија кои што учествуваа на меѓународниот џудо турнир во Струга, кочанските џудисти се вратија со освоени 7 медали од кои еден златен, два сребрени и четири бронзи.

Ова е голем успех за кочанските џудисти.

- Филип Станојков освои златен медал, Силвија Карова и Филип Манасиев освоија сребрени медали, а со бронза се вратија Стефанија Павлова, Емилија Станојкова, Дамјан Крстов и Стефан Митев. Клубот сега ќе почне да се подготвува за летниот џудо камп во кој што ќе учествуваме, рече Вера Шеќеровска, претседател на џудо клуб „Гладијатор“ Кочани.

Повеќе...

policija logo rakav20.06.2017  Во понеделникот попладне во Кочани се случил невообичаеен физички напад врз полициска службеничка која била на извршување на својата работна задача.

Според информациите од МВР, околу 15,45 часот во моментот кога вработената во одделот за крим-техника во ПСолициската станица - Кочани се движела кон улицата „Киро Кикенски“ каде требало да се врши увид, забележала едно лице како врши кражба од зграда во стопанскиот двор на градежното претпријатие „Бетон“.

Со намера да го спречи во постапката, таа запрела и се упатила кон сторителот. Кога се доближила до него, тој замавнал со секира, но полицајката успеала да го избегне ударот.

Повеќе...

spomenik lokubija20.06.2017  Околината на Споменикот на слободата на ридот Локубија во Кочани треба да добие нови изглед со уреден парк. Таква е замислата на локалната власт, заради што преку Бирото за јавни набавки објави и јавен оглас. Со огласот се бараат понуди од стручни лица за можни архитектонски решенија на целиот простор.

Заради стимулирање на што поголем број учесници од Општината се предвидени и награди за најдобрите предлози. Првонаградениот ќе добие 62, вториот 37, а третиот по 25 илјади денари во бруто износ. Меѓу другите услови што треба да ги содржат предлозите тие треба да гарантираат изводливост и одржливост, оригиналност и репрезентативност на концептот, креативност и инвентивност во пристапот на обликување, современ третман на просторот и Ччитливост на идејата на проектот.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

26°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 47%
Ветер: Variable при 2 kmh
Сабота17°C/34°C
Недела19°C/36°C
Понеделник19°C/34°C
Вторник19°C/34°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години
Пријатели


Имаме присутни 110 гости и нема членови



web counter




qr code