Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nivi218.06.2013  Ниту еден корисник на социјална помош не се пријавил во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кочани за да добие бесплатно земјоделско земјиште од државата.

Иако Mинистерството на три пати распишуваше огласи со кои на социјалците им нудеше да работат земјоделие и да остварат приход, одзивот е апсолутна нула.

Од околу 2000 лица кои во кочанскиoт Центар за социјални работи се регистрирани како полнолетни корисници на социјална помош, во законскиот рок на третиот оглас не била доставена ниедна пријава.

Иако државата им нудеше на социјалците кои ќе земат земјоделско земјиште да им исплаќа уште две години социјална помош во 100-отстотен износ, тоа не било примамливо за нив. Не помогна  и одредбата државата за истиот период да им ги плаќа и придонесите за здравствено и пензиско осигурување.

Со тоа огласот на Министерството за земјоделство целосно пропадна, а 5,5-те хектари државно земјиште, колку што беа предвидени за социјалните случаи од Кочани, ќе останат нераспределени.

Трите јавни повици Министерството за земјоделство ги објави во август минатата и во јануари и мај оваа година. Со нив се предвидуваше лицата кои користат редовна парична  социјална помош да станат регистрирани земјоделци и земјиштето за плодоуживање да го користат во рок од 5 години.

Земјоделското земјиштето е од прва до трета класа, што значи дека можат да се засеат земјоделски култури кои веднаш ќе даваат приноси.

Т. Ајтовски

Сподели

nivi3nivi1

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 36 гости и нема членови


web counter



qr code