Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Ilarion216.06.2013  На неколку дена пред одбележувањето на верскиот празник Духовден, митрополитот брегалнички Иларион за медиумите од регионот соопшти дека од редовите на црквата исклучува двајца поранешни верници, затоа што не ги почитувале црковните канони.

Според владиката, забележлива била појавата на луѓе кои ја злоупотребуваат црквата заради лична корист.

- Да соопштам на нашите  верници дека многупати се злоупотребени од т.н. лекари, односно бајачи, вражачи и гатачи кои светата црква ги одлачила и ги отстранила од својата светост. Тие луѓе му служат на ѓаволот и таквите ги злоупотребуваат луѓето, односно ја користат нивната мака, рече митрополитот брегалнички г. Иларион.

Владиката Иларион соопшти дека двајцата исклучени верници во штипскиот регион подолго време работеле самоволно, без согласност на црквата, не се покорувале на црковното учење, а објектите што ги раководеле сакале да ги присвојат како приватни цркви. Заради тоа тие се одлачени од светата Црква, односно повеќе не се нејзини членови, се до нивното покајание.

Владиката рече дека се следат сличните однесувањата на поединци во целата епархија, давајќи оценка за сегашната состојба.

- Во останатиот дел на  Брегалничката епархија овде-онде по некој нов ќе се појави, ама брзо и ќе исчезне, затоа што луѓето веќе ги научија дека ги злоупотребуваат и дека се богатат на нивната мака. За сега стивнува тој тренд, но мораме и овие кои што се демонизирани луѓе, кои ја злоупотребуваат маката на луѓето да ги оттргнеме, да ја исчистиме епархијата и на луѓето да им го понудиме вистинското богословско и догматско учење, односно вистинското православие, додаде г. Иларион.

За  претстојниот празник Духовден, па и за другите верски празници, владиката Иларион упати препорака до верниците да не одат во неосветени објекти, затоа што на тој начин, без да бидат свесни прават божји грев.

Т. Ајтовски

Сподели

IlarionIlarion1

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 42 гости и нема членови


web counter



qr code