Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Zbunovi118.06.2013 Змии и гуштери и им се закануваат на пациентите, персоналот и минувачите додека надлежните не мрднуваат со прст кога е во прашање просторот под улицата „Страшо Ербапче“ во близина на Болницата.

Гледајќи дека нема кој да искоси тревата, дел од жителите деновиве сами се организирале за колку-толку да се заштитат од можната опасност.

Не сакаа да зборуваат пред камера но рекоа дека со косалки успеале да средат мал дел покрај улицата. Но, долу е вистински хорор. Вегетацијата е со поголема висина од онаа на просечен човек. Ризикот е за сите кои поминуваат оттаму, особено жителите од околните куќи кои често го користат овој  скратен пат.

На површина и овде излегува несовесноста, така што освен смет, таму се исфрлаат и трупови од умрени животни. Иста е сликата и  и од спртивната странаа на мостот, која после долго време минатата година беше искосена, но површината сега повторно е обрасната.

Поради честите врнежи од дожд во изминатиот период и високата влага во почвата, а особено  со почетокот на летниот период тревата имаше продолжена вегетација, што придонесе нејзината висина и густина да бидат големи. Доколку не се преземат мерки следните месеци кога ќе настапи сушниот период, состојбата ќе стане уште поалармантна.

Ништо поразлично не е и на други  јавни површини. Камерата ја регистираше  сликата во близина на спортската сала. Учебната година заврши, но тоа  не значи ништо. Напротив, сега кога ученците се послободни откако се на летен  распуст, почесто ќе ги користат спортските терени за фудбал и кошарка во дворот на гимназијата „Љупчо Сантов“ и ОУ „Св. Кирил и Методиј“, иако просторот беше замислен како убаво катче за одмор и релаксација, се остана само на идеја. Локацијата се запушти, хигиената е на многу ниско ниво, расфрлани амбалажи од шишиња, храна, лоша миризба, но и густа „шума“. Поради неа практично е невозможно да се помине по патеката за да се скрати патот или пак неколкуте жители во околните куќи да стигнат до своите домови.

Г. Лалов

Сподели

ZbunoviZbunovi2Zbunovi3

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 32 гости и нема членови


web counter



qr code