11.12.2013 На младиот фудбалер Методи Максимов му се насмевнува шанса да заигра за „Арсенал“. Сонот да се облече дресот на „топџиите“ за него може да стане реалност откако заврши кампот во Дојран во соработка со лондонскиот клуб на кој учествуваа деца од Србија, Албанија и Македонија, а токму Максимов беше избран за учество на завршниот камп во Солун.
-Тоа за мене значи голем успех , од 200-300 деца што не избраа мене и еден другар од Скопје. Се надевам дека во март ќе се вратам со добри вести од Солун, рече младиот Максимов.
На турнирот се работеше по програмата на „Арсенал“, а присутен беше главниот скаут на клубот за Југоисточна Европа. Пресудно за повикот на Максимов било доброто светло во кое тој се промовирал во Дојран.
-Главниот тренер исто така ме забележа и веднаш ме внесоа во списокот на „Арсенал“. Тренирам фудбал четири години и играм на позицијата десно крило, додаде Максимов.
Нему, како и на Филип Костовски од ФК „Ѓорче Петров“ им претстои напорна работа периодов. Веднаш започнуваат со подготовките за кампот во Солун со цел да ја остварат зацртаната амбиција.
Г.Лалов
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}