Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gordana maneva19.06.2013 Гордана Манева дипломиран професор по одделенска настава е новиот директор на ОУ „Раде Кратовче“ . Веќе пет години работи како одделенски наставник во училиштето . Пред да работи во образование неполна година беше раководител по музика и фолклор во ЦК „Бели Мугри“. Ќе се залага за училиштето да го задржи своето реноме, но да се постигнат и поголеми успеси.

-Мојата функција како в.д. директор во ОУ „Раде Кратовче“ започна на 18.06 со тоа што почитуваната наша директорка Виолета Апостолова замина во пензија . Сакам јавно да и се заблагодарам за досегашната соработка и да и посакам успешни пензионерски денови. Мисии и визии секако дека имам. Со соработка со службите во училиштето како и со наставниот кадар во училиштето ќе го градиме училиштето со вистински имиџ, а ќе ја подобриме и климата во училиштето. Треба да поработиме на подигнување на соработката со родителите , со локалната самоуправа, со останатите училишта , со јавноста, истакна Гордана Манева, в.д. директор во ОУ „Раде Кратовче“.

ОУ „Раде Кратовче“ е едно од најстарите училишта во регионот со успешни генерации зад себе со кои се училиштето се гордее. Голем број професори чии имиња се споменуваат се репер за новите кадри што доаѓаат, рече Манева.

-По анализата што ја спроведе СОУ „Љупчо Сантов“ ученици со најдобар успех излегуваат од нашето училиште кои со истите и со подобри успеси излегуваат од Гимназијата. Тоа е моја најдобра мотивација за работа, додаде Манева.

Манева истакна дека заедно со наставниците и со педагошко – психолошката служба на училиштето ќе се обиде да ги одржи досега реализираните проекти како што се проектите за образование на ромите и проектот за еко знаме , што училиштето го доби по втор пат највисокото зелено знаме.

Т. Велкова

Сподели

 gordana maneva2gordana maneva3

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 164 гости и нема членови


web counter



qr code