Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

tepacka212.12.2013  Меѓусебна расправија меѓу две лица од Оризари околу 2 часот по полноќ завршила со тепачка во која едно од нив е потешко повредено. Кавгата започнала неколку часови претходно додека учесниците во инцидентот заедно со уште неколку други лица седеле во кафеана во близина на фудбалското игралиште во населбата.

Откако завршило работното време на објектот лицата излегле надвор и ја продолжиле расправијата со меѓусебни навреди, закани и туркања.

Во еден момент во мешаницата што настанала едно од лицата извадило нож и му задало удар во пределот на градите на 28-годишниот Т.Д.

Дел од лицата во групата што биле во близина притрчале да му помогнат и веднаш побарале лекарска помош. Со возило повредениот бил однесен во кочанската болница, каде биле констатирана убодна рана и сериозни повреди на градниот кош, поради што е префрлен на лекување во болницата во Штип.

Полициска екипа извршила увид на местото на настанот и по преземени мерки едно лице, за кое постои сомнение дека учествувало во тепачката и користело нож, е повикано на распит во Полициската станица во Кочани.

По целосното расчистување на случајот од Полицијата велат дела ќе биде поднесена соодветна пријава.

Т. Ајтовски

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 7 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 169 гости и нема членови


web counter



qr code