Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vinica19.06.2013 Општина Виница во четврток на 20 јуни ќе спроведе акција за прскање против комарци. Истата ќе се спроведе во раните утрински часови од 05 - 08 часот. Со авиопрскањето ќе биде зафатена површина од 1000 ха на територијата на град Виница и околината.

-Постои скептицизам помеѓу граѓаните дека и покрај тоа што е спроведено прскање против комарците минатата година дека не е успешно, така да годинава одлучивме да се прска авионски. Ќе се спроведе на 20.06 во 05 часот наутро. Предмет на третирање ќе бидат 1000 хектари површина. Второто прскање ќе биде во јули на истата површина, истакна Емил Дончев, градоначалник на Општина Виница.

Од општината ги предупредуваат сите одгледувачи на пчели за време на третирањето да ги преземат сите неопходни мерки за заштита.

За време на авиопрскањето, прозорците и вратите од домовите да бидат затворени. Во случај да не се изврши авиопрскањето заради лошите временски услови, истото ќе се одложи за следниот ден.

Дончев истакна дека откако ќе се согледаат ефектите од авионското третирање за догодина можно е комбинирано да се прска од земја и авионски.

Т. Велкова

Сподели

 Prskanje-Komarci4Prskanje-Komarci3

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 38 гости и нема членови


web counter



qr code