Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

praven-fakultet-diplomi125.12.2013  75 дипломи им беа доделни на студентите на Правниот факултет во Кочани кои го завршија студирањето во првиот циклус. Тие дипломираа на петгодишната правосудна насока, како и на тригодишните студии за јавна администрација, применета политика и дипломатија и новинарство и односи со јавноста.

На свеченоста што се одржа во амфитеатарот во домот АСНОМ присутните дипломци, нивните роднини и граѓаните ги поздрави деканот на факултетот, Јован Ананиев, при што препорача младите правници да не застанат на овој степен на образование, туку своето знаење постојано да го надградуваат.

Студентите беа пресреќни што го завршиле првиот чекор од високошколската надградба, со надеж дека ги чека успешна кариера.

- Многу сум задоволна, уште како мала бев мотивирана да се запишам на овој факултет. Многу сум среќна што завршив навреме и се надевам дека со тек на времето ќе се снајдам и за вработување. Веќе продолжив, се запишав на втор циклус студии, многу сум задоволна и очекувам и тоа да го завршам, рече Сања Костадинова, дипломиран правник.

Оваа генерација студенти го даде и вториот дипломец од ромската етничка припадност на Правниот факултет во Кочани.

- Студирам три години, односно шест семестри, и се стекнав со стручен назив дипломиран правник во јавна администрација. Посебно задоволство ми е што како Ром сум дел од ова свечено доделување на дипломите на Правниот факултет на Универзитетот “Гоце Делчев“. Ако знаеме дека бројот на Роми со високо образование е многу мал, јас сум меѓу првите дипломирани правници во Кочани од Ромите, рече Шенџабил Рамаданов, дипломиран правник.

Според деканот на Правниот факултет, на завршените студенти им е овозможено да го продолжат и на втор, а наскоро и на трет циклус студии.

- Во март месец, на патрониот празник на Универзитетот ќе имаме втор дел доделување дипломи кога ќе бидат промовирани магистрите на правни науки, во три насоки – правосудна, јавна администрација и применета политика и дипломатија. Од 2014 година ќе го отпочнеме процесот на акредитација, што е доста сложен, за трет циклус на докторски студии и се надевам дека ќе бидеме акредитирани како институција, односно студиска програма, а соодветно на тоа и за акредитиран ментор за трет циклус на студии, рече д-р Јован Ананиев, декан на Правниот факултет во Кочани.

По свеченоста, дипломираните студенти со заедничко фотографирање и традиционалното фрлање на капите го означија почетокот на својата идна академска кариера.

T. Ајтовски

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

  |700|525|0{/youtube}

praven-fakultet-diplomipraven-fakultet-diplomi2

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток1°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 118 гости и нема членови


web counter



qr code