25.12.2013 Децата од прво до трето одделение се вклучени во проект за подобрување на јазичните и математичките вештини што го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор“.
Финансиската поддршка за негова реализација ја обезбедува Aмериканската агенција за меѓународен развој - USAID, како е дел од компонентата за вклучување на семејствата и заедницата, преку проектот “Со читање до лидерство“. Опфатени се 20 пилот училишта во државата, меѓу кои и ОУ “Св. Кирил и Методиј“ од Кочани.
Низ изгра и забава со актерот Горазд Цветковски, учениците беа поттикнувани сами да читаат и да пресметуваат, затоа што целта е да им се покаже дека тоа можат да бидат и забавни активности.
- Во рамки на овој проект, за првпат во државата се спроведуваат тестирања, односно проверка на знаењата и постигањата кај младите ученици, специјализирани токму за овие ниски, односно почетни одделенија од основното образование. Понатаму, во иднина ќе подготвиме, ќе издадеме и ќе дистрибуираме до училиштата материјали, прирачници, сликовници во печатена, дигитална и аудио форма, едукативни игри и друг едукативен софтвер. Исто така, ќе правиме обуки за наставниот кадар, со цел да ги подобриме, како нивните вештини, така и постигањата на дечињата по овие два предмета, мајчин јазик и математика, рече Ана Димовска, координатор на проектот на УСАИД.
Врз основа на резултатаите што ќе се добијат од реализацијата на проектот во пилот училиштата и натаму ќе се се работи на подобрување на активностите кај најмладите.
Пораката што ја добија кочанските ученици е дека математиката и мајчиниот јазик се многу важни вештини, но не само што можат да ги научат во училиштето, туку и надвор од него, односно во секојдневниот живот, во контактот со родителите и другарчињата.
Т. Ајтовски
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}