26.12.2013 Македонија ја чека екстрадицијата на осудениот на доживотен затвор Симеон Михаилов во судскиот процес „Детонатор“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Михаилов уште летово бил уапсен во Италија, а во август годинава Министерството за правда до италијанските власти ги испратило потребните документи за негова екстрадиција во Македонија.
Во моментов Михаилов е во екстрадиционен притвор во Италија, а по завршување на целата постапка, што е во тек, се очекува да и биде предаден на македонските власти.
Пред два дена беа изречени судските пресуди во случајот „Детонатор“, според кои Михаилов е осуден на доживотна робија поради обид за убиство на Драганчо Стоименов.
Михаилов доби уште две затворски казни, 4 години за злосторничко здружување и уште 3 години за насилство. Во прв степен тој е виновен како член на злосторничка група што се занимавала со криминални дејствија во Источна Македонија.
Казна доживотен затвор доби и Сашко Стојчевски, кој се уште е во е во бегство и е недостапен за органите на прогонот.
Г.Лалов
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}