Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

rudnik426.12.2013 Основниот суд во Кочани ја поништи приватизацијата на рудникот за олово и цинк „Саса“ кај Македонска Каменица.

Рудникот беше продаден на четвртиот по ред меѓународен јавен тендер во февруари 2005 година, кога тогашното Собрание на доверители ја одбра руската компанија „Ромтрејд“ со најповолна понуда за купување на „Саса“ во висина од 3.020.000 евра.

Сега, со оваа судска одлука сите правни дејства кои произлегуваат од меѓународниот тендер се прогласени за неважечки. Руската компанија „Солвеј“, која е сопственик на рудникот, нема да го коментира поништувањето на купопродажниот договор, бидејќи смета дека за одлуките на судот не се однесувала на нив, туку на други субјекти.

Двата правни субјекта учесници во купопродажниот договор на рудникот, РОЦ „Саса“, како продавач и „Саса“ ДООЕЛ, како купувач формирана од „Ромтрејд“, одамна не постојат. А, токму овие два некогашни правни субјекта се клучните фактори во овој процес.

Блажо Тасев, словенечки бизнисмен роден во селото Чифлик, осум години води судски спорови околу приватизацијата на рудникот, тврдејќи дека при купувањето на рудникот, на третиот јавен меѓународен тендер, доживеал неправда. Овој бизнисмен во текот на 2004 година, исто така на меѓународен јавен тендер го купи рудникот за 600.000 евра, но тогашната Влада оцени дека Тасев нема капитал со кој би можел успешно да го рестартира најбогатиот рудник со оловно-цинкова руда во државата. Блажо Тасев, беше уапсен на скопскиот аеродром при обид да замине за Словенија каде што живее во Ново Место. Судот во Кочани ја прифати неговата жалба со која се спори приватизацијата на „Саса“.

Во изминатите осум години „Солвеј“ во својот македонски стопански капацитет инвестираше околу 50 милиони евра. Овој процес ќе постави и многу нови теми и големи дилеми. Едно од нив е каква ќе биде судбината на 700 вработени ако рудникот одново оди на продажба по поништување на приватизација на странска компанија по осум години од нејзиното настанување.

Г.Лалов

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

rudnik3 rudnik2

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 22 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/12°C
Сабота2°C/11°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 66 гости и нема членови


web counter



qr code