Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stecajci protest130.12.2013  Група стечајци од Кочани го одржаа најавениот мирен протест пред домот на пратеничката Бети Кузмановска.

Биле незадоволни што таа како член на Комисијата за труд и социјална работа, а и подоцна на пленарната седница на Собранието не дала поддршка за предлог-законот за стечајните работници.

Како што рекоа, протестот бил легален и пријавен во Полициската станица – Кочани, а помина мирно и достоинствено.

Иако очекувале да се сретнат со пратеничката, таа не дојде да поразговара со нив.

- Од страна на МВР сме известени дека пратеничката во моментов не е тука. Ние го одржавме нашиот протест, а тој е поради револт, знаејќи дека законот за стечајците не помина во Парламентот, а нашата пратеничка дигаше два прста против стечајните работници. И пак ќе прашам, еве преку медиумите, што има Бети Кузмановска против овие луѓе?. На закажан протест еден пратеник да не сака да оствари средба со граѓаните кои ја гласале, срам да и биде, рече Ангел Арсов, координатор на огранокот на  Здружението на стечајни работници.

Стечајците рекоа дека протестот немал никаква политичка позадина, затоа што тие припаѓаат на различни партии, па имало и членови на партијата на власт.

- Партија мене не ме засега, ниту ВМРО-ДПМНЕ, затоа што и јас сум од таа партија, стечаен работник сум и сакам за сите стечајци пратеничката да излезе и да каже дали може на некој начин да не згрижи. Еве ќе ја покажам книшката пред сите јавно, јас сум член на ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година, рече Трифун Јованчевски, стечаен работник.

Револтираните стечајните работници рекоа дека претстојните празници повторно ќе ги прослават без без пари, затоа што немаат никаква поддршка од пратениците.

- Сега да се запрашаат тие, нивните трпези ќе бидат добро и богато снабдени, а ние се соочуваме со проблеми како ќе ги подмириме давачките кон државата, како ќе ги исплатиме обрвските кон банките, и тоа не можеме да го регулираме оти човек без примање ништо не може да оствари. Затоа сакам да испратам апел, без разлика на која политичка опција припаѓаат сите малце трезвено да размислуваат и да им се помогне на овие луѓе, рече Драги Атанасов, стечаен работник.

По половина час стечајците го завршија мирниот протест, при што повторно упатија апел до градоначалникот и Советот на Општина Кочани да им се обезбеди сала во која би можеле да ги оддржуваат состаноците.

T. Ајтовски

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток0°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 84 гости и нема членови


web counter



qr code