Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bebe102.01.2014  Стартот на новата 2014 година на акушерското одделение во кочанската Општа болница донесе прво, па машко. Го роди Салие Исмаилова од Виница. Тоа е прва ваква радост за неа и нејзиниот сопруг, со кого минатата година го започнала заедничкиот живот.

Бебето се родило со нормално породување на 1 јануари во 11 часот, а според дежурниот доктор Фонзи Јуруков целата постапка поминала без никакви проблеми.

- Машко дете, тешко е 3 килограми и 850 грама, раѓањето помина во најдобар ред, родилката е добро, бебето е добро, ги видовте како се и така, рече д-р Фонзи Јуруков, гинеколог.

Мајката и таткото на новороденчето се невработени, но се надеваат дека новата 2014, освен заедничката радост во семејството, барем на еден од нив ќе им донесе и можност за постојана заработувачка.

Вообичаено првото новороденче во новата година го посети градоначалникот и на мајката и врачи пригодни подароци. Притоа изрази задоволство што лани бил постигнат пораст на бројот на породувањата.

- Минатата година ја завршивме со една солидна бројка од 400 породувања и очекувам дека и оваа година ќе биде исто толку богата. Тоа е податок дека од година во година се зголемува бројот на новородените и онаа стагнација што ја имавме едно време, полека-полека се смирува, односно мислам дека младите се повеќе остануваат овде, во своите места, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Подароци за родилката обезбеди и кочанската Општа болница, како и фирмата “Ледер“ од Кочани. Според лекарскиот тим во кочанската болница, бебето и мајката по породувањето се во одлична здравствена состојба и деновиве ќе бидат пуштени дома. По желба на родителите бебето ќе го носи името Амсаџан.

Т. Ајтовски

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 89 гости и нема членови


web counter



qr code