Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Brza-Pomos-202.01.2014 Две сообраќајни незгоди, тепачки со повредени лица и 4 лица донесени во алкохолизирана состојба од кои најмладиот пациент имал само 13 години, а останатите 18 и 19 години е билансот од прославата на новогодишна ноќ на 31 декември.

-На 31.12.2013 во 4.30 часот на Итната помош донесени се пациенти кои учествувале во тепачка и по дадената лекарска помош се пратени на хирургија. Истата ноќ донесени се четири лица во алкохолизирана состојба. Имало и една сообраќајка кај Зрновци но, кога отишла екипата на Итната помош на местото на несреќата го нашле само возилото , а патниците не се затечени на лице место, истакна Иван Спанчевски, директор на Здравствен дом Кочани.

Доста лица побарале и помош поради сериозно влошување на здравјето.

-На 31 декември се прегледани 38 пациенти од кои тројца го искористиле бројот 194. Од нив едниот бил со деменција и пратен е на нервно одделение, другиот со гихт или воспаление на зглобот на палецот и една неподвижна стара жена со тешка настинка, додаде Спанчевски.

Не помалку бурно и со поголем број интервенции поминала и првата ноќ од новата година. Со вкупно 47 прегледи екипите на Итната медицинска помош со полни раце работа . И оваа ноќ поминала со сообраќајни незгоди , тепачки и лица во алкохолизирана состојба на возраст од 23 години.

-На први јануари вечерта имало една сообраќајка и повредениот пациент е пратен на хирургија, а помош побарал и неподвижен пациент со тешка настинка. И оваа ноќ помина донесени лица повредени во тепачки и едно лице во алкохолизирана состојба. Инаку прегледи имало 47, а на 194 помош побарале 5 лица од кои еден со ангина пекторис и е пратен на интерно одделение, едно лице со епилепсија, друг со хипогликемија кои по укажаната помош пратени се на домашно лекување, додаде Спанчевски.

Дежурните служби на Итната медицинска помош одговориле на сите повици, но истакнуваат дека залудни биле апелите од лекарите да не се злоупотребува телефонскиот број 194. Спанчевски повторно апелира до пациентите да не се јавуваат на бројот без потреба, затоа што во тој случај неможе да се одговори на повиците на лицата на кои навистина им е потребна помош.

На новогодишната ноќ дежурале една екипа на Итната медицинска помош составена од сестра , лекар и возач, а две екипи на повик по потреба , што иако бурна ноќ успеале да одговорат на сите повици упатени до брзата помош.

Т. Велкова

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0 {/youtube}

Brza-Pomos-1Brza-Pomos-3 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/12°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 235 гости и нема членови


web counter



qr code