Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bozik03.01.2014 Бадникарските огнови, печењето скара и пиењето ракија се во апсолутна спротивност со начинот на кој верниците треба да ги одбележуваат деновите пред Божик, апелираат свештениците.

Гозбите и пиењето околу коледарските огнови се во целосна несогласност со црковното предание и божикниот пост, велат од кочанската црква „Св. Вмч. Ѓорѓи“.

-Во никој случај огновите немаат предност пред големиот празник раѓањето на нашиот спасител Господ Исус Христос. Значи тука нема компромис, најглавен празник е Божиќ и тука коледарските огнови се еден начин на прославување и не се косат со каноните на Црквата , но она што нас како свештеници не загрижува е однесувањето на христијаните на тие средби.

Знаеме дека овие денови трпезите се преполни со мрсна храна и често таквите слави завршуваат со пијанчење, истакна Димитар Арсовски, ѓакон.

Посната бадникова вечера која треба да го сплоти семејството е заменета со маалските огнови и култот на греаната ракија. Обичајот и со бадниковото гранче не е дел од македонската традиција. Годинава Бадник се слави во понеделник што според типикот на православната црква оние кои ќе се причестуваат на Божик на бадниковата вечера треба да постат без масло.

-Оваа година Бадник се паѓа во понеделник и се пости без масло. Но со допуштање на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички Г. Иларион може да се пости со масло. Само оние кои ќе се причестуваат на Божик пожелно е да внимаваат и да постат без масло на Бадник, додаде Арсовски.

Еден од најголемите христијански празници раѓањето на Христос во кочанскиот храм ќе се одбележи со молитви и литургии. Во вторник на денот на Христовото раѓање ќе се служи света литургија со почеток во 8 часот. Литургии ќе се служат и на вториот и третиот ден на Божик. На вториот ден кога се слави Собор на Пресвета Богородица на литургија најавено е присуство на Митрополитот Брегалнички Г. Иларион.

Т. Велкова

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

bozik2bozik3 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 142 гости и нема членови


web counter



qr code