Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vanco-todorovski14.01.2014  Уште едно, трето обвинение по ред, заработи поранешниот прв човек на кочанската Полициска станица, Ванчо Тодоровски, со кое е осомничен за злоупотреба на службената должност. Ова беше соопштено на продолжението од главниот претрес што против него и неговиот заменик Санде Стојменов, се води во Основниот суд во Кочани.

Судењето продолжи по пауза од три ипол месеци, период во кој се правеше вештачење на едно од претходните обвиненија. Во меѓувреме настанала и промена во составот на поротата, заради што претресот беше вратен на почеток.

Судскиот совет со кој претседаваше судијата Јаким Илиев донесе решение трите кривични обвиненија да се спојат во едно и против Тодоровски да се води единствена судска постапка.

Во новото обвинение против Тодоровски стои дека тој несоодветно постапил кога од страна на судија во Основниот суд било побарано да му се обезбеди полициска заштита затоа што била загрозена неговата безбедност. Обвинетиот даде исказ дека тој ги презел сите непоходни заштитни мерки што ги пропишува законот.

Во врска со второто обвинение застапникот на државното правобранителство појасни дека Тодоровски го оштетил Буџетот на државата за над 89 илјади денари затоа што одобрувал исплати на надоместоци за прекувременото ангажирање на полицајците. Истовремено продолжи судската постапката и против неговиот помошник Санде Стојменов кој, освен за злоупотребата на должност, се товари и за изнудување пари.

На претресот беа сослушани петмина полицајци во улога на сведоци, а во врска со исплатата на надоместоците за работење во смени и за прекувремено ангажирање. Судењето ќе продолжи идниот месец кога ќе бидат сослушани уште девет сведоци и оштетениот судија, кој побарал полициска заштита заради загрозена безбедност.

Т. Ајтовски

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/12°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 228 гости и нема членови


web counter



qr code