Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Poplavi324.06.2013  Само половина час по обилните врнежи од дожд и град во неделата попладне, се измени сликата на вообичаениот летен ден во Кочани и населените места од општината.

Улици прекриени со вода, наноси од земја и камења, искршени гранки и проблеми во сообраќајот можеа да се видат скоро на секој дел од градот, додека граѓаните во паника се обидуваа да ги исчистат затрупаните шахти. На повеќе места водата практично извираше на сред улица, заради што неопходно беше да реагира и сообраќајната полиција во пренасочувањето на возилата по споредните улички кои не беа зафатени од стихијата.

Една од најкритичните беше улицата “Глигор Апостолов – Гочо“, во близина на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ каде водата се прели преку заштитните ѕидови и навлезе во околните куќи. Граѓаните се обидуваа со кофи и други прирачни средства да ја исфрлаат за да спасат дел од покуќнинта и имотот.

 Сите се револтирани што сликата се повторува со години.

- Секој поголем дожд кога ќе дојде, овде целата улица поплава се прави, постојано е тоа така, а никако да се  реши, многу фамилии страдат... Некое решение да се  најде за да не се повторуваа оваа случка веќе, повеќе куќи пливаат во вода, жална е глетката, а сами се справуваме со проблемот, рекоа жители од улицата “Глигор апостолов - Гочо“.

Најголем дел од забелешките беа упатени  на адреса на комуналното претпријатие “Водовод“ и на противпожарната единица. Иако се обидувале на телефон да ги добијат нивните екипи, граѓаните рекоа дека наидувале на зафатена линија. Се пожалија на штетите што ги претрпеле од навлезената вода.

- Голема е штетата што ми  е направена, сакам да дојде  некој од власта за да види, ова не е еднаш, два пати, се случува повеќе пати. Доколку се реши овој проблем, целото маало ќе биде задоволно од тоа, рече жител од улицата “Глигор апостолов - Гочо“.

Од дождот полавени беа повеќе дуќани во Трговскиот центар и на улиците во централното  градско подрачје. Слична глетка имаше и на улицата “Бел камен“ која беше претворена во езеро, а во месноста Кочански дол кај Оризари има оштетувања на црквата “Света Петка“.

-Уништени се сите водички, сите икони, внатре подрумот, се што имаше инвентар е уништено, кујната целата е со кал, со вода, ќе треба цистерни да дојдат за да исчистат тука, рече Невенка Илиева од Црковниот одбор на “Св. Петка“.

Расчистување на наносите од големото невреме имаше текот на целиот ден. За сега се уште се сумираат податоците колкави штети градот им нанесе на земјоделските култури во регионот.

Т. Ајтовски

Сподели

Poplavi7Poplavi1Poplavi6Poplavi4

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 11 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 170 гости и нема членови


web counter



qr code