Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vrabotuvanj317.01.2014  Работниот клуб на Центарот за вработување во Кочани беше претесен за да ги прими заинтересираните работодавачи и невработени граѓани кои дојдоа на Отворените денови на Агенцијата за вработување.

Можноста од прва рака да се запознаат со мерките и новините што се предлагаат во намалувањето на невработеноста во регионот предизвика голем интерес.

Пред присутните дојде лично директорот на Агенцијата, Влатко Поповски, за да ги претстави и да одговори на прашањата, при што рече дека е задоволен од одзивот, а од презентацијата очекува позитивни резултати.

- Оваа година имаме успешност од вкупниот број на учесници. Мерките дадоа над 30-40 отсто од вкупниот број да бидат успешни, односно да завршат со вработување, бидејќи се насочуваме кон се поквалитетно таргетирање и на компаниите и на невработените за она што им треба, и како да им помогнеме да се вработат, самовработат или да најдат соодветна егзистенција. Сите мерки се насочени кон одредена таргет група, но не се исклучени и останатите групи, бидејќи секогаш кога правиме мерка гледаме да е што поширока, да помогнеме и на младите и на повозрасните, односно оние што се во најлоша состојба, рече Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување на Република Македонија.

Пред присутните на презентацијата во Центарот за вработување беа претставени и новините на интернет порталот на Агенцијата, односно можноста и работодавачите и невработените брзо и точно да ги добијат информациите што ги бараат. Според Поповски, овој потег се покажал како успешен и предизвикал голем интерес.

- Посетите што се направени на веб-порталот што го промовиравме пред Нова година се солидини за почеток. Некаде околу 4.000 посети има дневно на порталот од различни посетители, се гледаат страниците, се отвораат огласите, се гледаат услугите што ги даваме, што е битна работа. Се надевам дека што повеќе луѓе ќе го користат затоа што наскоро ќе ја промовираме и новата апликација за мобилен телефон, така што секој оној што му тешко да стигне до компјутер или да ја отвори страницата, ќе може да го калибрира мобилниот за да му стигнуваат тие огласи, тие активни мерки, додаде Поповски.

Поповски рече дека и во иднина целна група ќе бидат пред се младите, затоа што државата има интерес тие правилно да се насочуваат за да најдат вработување според нивното образование и професионална обученост.

Отворените денови со Агенцијата за вработување за почнаа на крајот од декември, а ќе продолжат до почетокот на идниот месец, при што слични средби ќе се одржат уште во десетина градови во државата.

Т. Ајтовски

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 165 гости и нема членови


web counter



qr code