21.01.2014 Американската корпорација Amphenol во вторникот објави дека ќе гради фабрика во Кочани во која во првата фаза ќе бидат инвестирани шест милиони евра и ќе се вработат 1.500 лица во првите пет години.
Инвестицијата од Скопје ја обзнанија македонскиот премиер Никола Груевски и потпретседателот на американската корпорација Amphenol и генерален директор на автомобилската групација при корпорацијата Џон Трено.
Станува збор за таканаречена браунфилд инвестиција, со оглед дека новиот погон ќе биде лоциран во просториите на „Атом“.
Во описот на Корпорацијата се наведува дека се занимава со производство на електрични, електронски, конектори од оптички влакна и гумени кабли и системи за интерконекција.
Според плановите на корпорацијата, годинава се очекува да бидат вработени 250 до 350 лица за производство на автомобилски делови, а веќе биле ангажирани 70 лица.
Потпретседателот на корпорацијата, Тренор, на затворената средба со премиерот истакнал дека одлуката за инвестирање во Македонија била донесена врз основа на големиот број можности што ги нуди државата, при што ги издвои добрата квалификувана работна сила, поддршката од Агенцијата за странски инвестиции и другите надлежни институции, како и поволната бизнис клима.
Премиерот Груевски пак изразил огромно задоволство од одлуката на американската корпорација Amphenol да инвестира во Македонија од каде што производите ќе ги пласира на европскиот пазар,
Според премиерот, оваа инвестиција е резултат од владините роуд шоуа.
Г.Лалов
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}