Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zoran21.01.2014  Фотографирањето е хоби со кое Зоран Ефремов од Кочани поинтензивно се занимава неколку години, а инспирација најчесто наоѓа во природата и непосредната околина.

Неговата фотографија од Скопје неодамна ја доби првата награда на конкурсoт што беше објавен за избор на најдобра фотографија од главниот град. Специјално не одел за Скопје за да одбере локација или место, туку од тоа што веќе го имал фортографирано испратил за учество на конкурсот. Се надевал дека може да добие награда, но сепак со мал сомнеж.

- Имајќи предвид на кој начин функционира целата машинерија, мислев дека нема шанси. Според квалитетот на фотографиите што се испраќаа таму, затоа што не се испраќаше по една, туку минимумот беше десет, јас имав петнаесетина од оние јас што сум мислел дека можат да поминат, рече Зоран Ефремов.

На конкурсот учествувале 50-тина фотографи, а конкуренцијата била доволно силна.

- Знам некои од имињата што имаат конкурирано таму, знаејќи го третонаградениот, сето тоа се профеионални фотографи кои цел живот се занимаваат со таа дејност, имаат страшна техника, најпрофесионална што може да се набави. Има и некои кои веќе студирале некаде на страна, во тој дел јас сум чист македонски производ, се најдов пред нив, за среќа или заслужено, тоа подобро можат граѓаните да го кажат, додава Ефремов.

Ефремов вели дека наградата е само поттик да учествува на слични конкурси.

- Зошто да не, нели, сето тоа е прашање на време дали имаме време да посетуваме некои локации, колку можеме да дојдеме во ситуација да имаме идеална светлина, идеална локација, идеална композиција за сето тоа кога ќе го пуштиме некаде да вроди со резултат, а не да биде само за да учествува. Значи, да учествуваме со намера да дојдеме и до некоја позиција, заклучува Ефремов.

На пошироката јавност во фотографскиот свет Ефремов и стана попознат пред некоја година кога неговата панорамска фотографија на веб страницата Гигапан долго време го држеше првото место по посетеност.

Т. Ајтовски

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 22 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/12°C
Сабота2°C/11°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 62 гости и нема членови


web counter



qr code