24.06.2013 Ја демантираме веста објавена на официјалната страна на телевизија Канал 8 во врска со резултатите од екстерното оценување и наводното казнување на одредени наставници во ОУ “Никола Карев” како крајно неаргументирана и голема навреда на професионалноста и достоинството на наставниците како и угледот на училиштето.
Имено,во периодот кога веста беше објавена ,19.06.2013 резултатите од екстерното оценување не беа добиени во целост , а анализа на истите не беше можно да биде направена ниту во самото училиште, а да не зборуваме за ниво на општина или република..Согласно ова, немаше никаква можност да има казнети наставници. Ова не наведува да размислуваме за намерен атак врз имиџот на нашето училиште во време кога трае уписот на ученици и кога секоја позитивна,односно негативна информација влијае врз одлуката за избор на училиште.
Ве молиме за официјално извинување и аргументирано и реално информирање на вашите гледачи за моменталните случувања во училиштата поврзани со резултатите од екстерното оценување-стои во демантот.
Веста со наслов „екстерното тестирање во Кочани“ исфрли интерни недостатоци“ Канал 8 ја објави минатата недела повикувајќи се на информации од релевантни извори.
При посетата на училиштето следниот ден исто така беше констатирано дека постојат случаи каде се јавиле драстични отстапки во оцените кај осмооделенците. По уважените жалби од страна на државниот испитен центар дека тоа се должи на технички проблем, на неколку ученици им било дозволено да го преполагаат тестот.