28.01.2014 Крвавите инциденти во општината Чешиново-Облешево не запираат. Во понеделникот претпладне во тепачка, во која повторно е користен метален предмет, настрадал 26-годишниот Д.К. Од Спанчево.
Меѓу него и 40-годишниот Г.Н. започнала вербална расправија, за што повод била претходна меѓусебна нетрпеливост.
Во еден момент Г.Н. зел метален предмет и со него го удрил својот соперник во пределот на главата.
Од ударот 26-годишникот се онесвестил, по што била побарана лекарска помош. Повредениот околу пладне со возило бил пренесен во Хируршкото одделение на Општа болница во Кочани.
- Се работи за повреда на главата, не можам да кажам од колкава тежина, била потешка повреда и затоа е одлучено лицето да се однесен на Клиниката за неврохирургија во Скопје, каде е задржан на лекување, рече д-р Дејан Апостоловски, директор на Општа болница - Кочани.
Во меѓувреме настанот бил пријавен во Полициската станица во Кочани од каде во тек е преземањето мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Сличен настан со трагична завршница се случи еден ден порано кога 49-годишна жена од Облешево со метална цевка го удрила својот сопруг по глава, по што тој починал на лице место.
Т. Ајтовски
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}