Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gradski stadion nikola mantov kocani29.01.2014  Близу 1 милион и 300 илјади денари планира да потроши Локалната самоуправа за најавената реконструкција на градскиот стадион во Кочани.

Веќе е објавен огласот за избор на изведувач на градежните работи, а пријавувањето на заинтересираните компании е до 10 февруари.

Според тендерската документација опфатени се неколку позиции на кои треба да се работи, при што главно место има реконструкцијата на подтрибинскиот дел, односно соблекувалните и другите помошни простории. Освен тоа се предвидува да се санираат тоалетите за публиката, како и да се постават нови алуминиумски стативи за головите и метален јарбол. Дополнително на влезот на стадионот ќе бидат поставени нови врати, а ќе се оспособат и кабините за спортските коментатори.

Инвеститорот на располагање нема долг период за реализирање на планираната реконструкција, затоа што во план е уште пролетва градскиот стадион да се оспособи за одигрување фудбалски натпревари од меѓународен карактер. Според најавите, се очекува во април Кочани да биде домаќин на женските фудбалски репрезентации на Македонија и Шпанија, а еден месец подоцна кај нас да гостува и репрезентацијата на Италија.

- Мислам дека се ќе биде во најдобар и ред и граѓаните на Кочани, покрај машкиот репрезентативен фудбал што пред 20-тина години се играше овде, да видат за првпат и една репрезентација што ќе дојде и да го претстави во најдобро светло и нашиот град и развојот на женскиот фудбал во Македонија и пошироко, рече Владо Андов, координатор на женските фудбалски репрезентации на Македонија.

Последните градежни зафати на стадионот “Никола Мантов“ беа направени во почетокот на 90 години кога се изгради и покри западната трибина. И тогаш реконструкцијата помогна во Кочани да гостуваат странски фудбалски репрезентации, односно младинците од нашата држава играа против своите врсници од Данска, Кипар и Турција.

Т. Ајтовски

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 86 гости и нема членови


web counter



qr code