Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kostov130.01.2014  26-годишниот Даниел Костов од Спанчево им подлегна на повредите откако по расправијата со 40-годишниот Г.Н. од истото село добил удар со метални клешти во пределот на главата.

Со тоа за само една недела две расправии во општина Чешиново-Облешево добија трагична завршница.

Настанот се случил во понеделникот претпладне откако банална кавга меѓу двајцата соселани заврши со тешка телесна повреда поради која лекарите во кочанската Општа болница го испратиле Костов на лекување во Клиничката болница во Скопје. Два дена по настанот неговата здравствена состојба се влошила и тој починал.

Членовите на поблиското семејство беше потресено од веста што пристигнала од Скопје и револтирано бараа соодветни мерки против лицето кое ја предизвикало смртта.

- Бараме да се затвори во притвор додека биде судењето, да не го гледаме дома, затоа што вчера кај нас доаѓаа луѓе на половина час, а тој си изнесуваше ѓубре. Тоа е срамота за целата јавност и за државата, а тој се шета како слободен граѓанин, рече Стојан Костов, татко на починатиот.

- Викаат дека бил во домашен притвор, а вчера беше слободен, слободно се шеташе. Ние пријавивме во полиција и дојде полициско возило за да го чуваат дома. Уште не е затворен, а брат ми е починат, реле Благој Костов, брат на починатиот.

Костов бил нападнат на улица и според очевидци бил удрен два пати, еднаш во грбот, а потоа и во главата.

Бил женет и татко на едно малолетно дете.

- Сите сме потресени, зарем не му беше грев за детето, немам што да кажам, не знам, немам зборови, тој што го убил треба да лежи во затвор. Маж ми да гние, а тој да биде на слобода, тоа нема смисла, рече Лозенка Костова, сопруга на починатиот.

Според информациите од Клиничката болница во Скопје, телото на починатиот Даниел Костов било предадено на обдукција.

Утрово пред куќата на напаѓачот имаше полициско обезбедување, а од јавното обвинителство рекоа дека ќе бидат преземени соодветни законски мерки против него, затоа што станува збор за кривично дело нанесување тешки телесни повреди со смртни последиици.

Т. Ајтовски

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 152 гости и нема членови


web counter



qr code