Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

semejni331.01.2014  Повеќе од 20 години Кочани организира манифестација за прогласување на најдобри спортисти, спортски работници и клубови. Оваа година манифестацијата покажува колку сме сиромашни со спорт, односно дека спортот го доживеа дното од неговото едновековно постоење во Кочани.

Пред 20 години градот беше лидер во Источна Македонија и после Скопје и Битола најспортски град во Р. Македонија. Во тоа време спортот и спортските љубители живеат вистинска спортска идила, а тоа се должи на многуте спортски клубови кој остваруваа успеси на државно ниво. Кошаркарите на ,,Деликатес" се освојувачи на купот, фудбалерите на ,,Осогово" се вицешампиони во првиот натпреварувачки дел на Првата македонска фудбалска лига, каратето бележи успеси на републичко и меѓународно ниво.

Борењето го памeти најголемиот дуел во историјата на македонското борење, односно финалето ,,Спартак" и ,,Бучим" Радовиш, гимнастиката го дава селекторот на машката репрезентацијата Досе Досев. Шахистите учествуваа во шаховската Лига на шампиони и за жал поради недостаток на финансии пред три години кога станаа вицешампиони, не успејаа да заминат во Норвешка на уште еден подвиг во Лигата на шампионите.

Потсетувајќи се на сите овие успеси сакаме да им укажаме на градоначалникот и неговите луѓе кои се грижат за спорт, дека Кочани знае што е врвен и квалитетен спорт а тој и самиот тоа го ветуваше за време на кампањата на неговиот прв мандат. Го повикуваме ЈАВНО ДА КАЖЕ,  дали има стратегија да ја подобри моменталната слика, затоа што според финансиската помош од општината можеме да забележиме дека нема ниту идеа, ниту план. Кочани е на самото дно во државата во помагањето на спортските клубови, а процентот од буџетот што се одвојува за спортот е 1,11% што претставува поразителна и навредлива бројка за жителите на општината.

Ние како навивачка група славиме јубилеј од 20 години од прогласување на списанието ,,СКОК" за најдобра навивачка група во државата и имаме морална одговорност да се грижиме и да го подржуваме спортот во општината, затоа што сме взаемно поврзани, односно ние не можеме без спорт и спортот не би имал смисла без нас.

спортски поздрав,

НГ ,,СЕЈМЕНИ"

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 78 гости и нема членови


web counter



qr code