Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

amphenol05.02.2014  50-тина нови работници, наскоро треба да најдат работен ангажман во производниот капацитет на американската компанија “Амфенол“ во Кочани. Огласот за ангажирање на работниците веќе е објавен во Агенцијата за вработување и пријавувањето ќе трае до крајот на оваа недела.

Најголем дел од слободните работни места се однесуваат на поедноставни работни задачи, односно за работници во монтажа, тестери на производите, техничари-оператери и залемувачи.

Според условите во огласот работниците ќе бидат ангажирани на определно работно време од три месеци со работа во смена од 7 до 15 часот.

Ангажирањето нови работници беше најавено и при неодамнешната посета на преставниците на американскатa компанија во Кочани, кога беше речено дека бројот постепено ќе се зголемува

- Во моментот имаме 70 работници кои се ангажирани по само 4 месеци од производството овде, но тој број многу брзо ќе се зголемува во зависност од тоа како капацитетот ќе се развива. Очекуваме до крајот на 2014 година тој број да изнесува од 250 до 350 лица, а за петгодишниот период мислам дека 1500 лица е реална бројка. Секако не можете однапред да знаете што ќе се случува во економијата, но се надеваме дека се ќе се одвива добро и ќе достигнеме 1500 вработени во кочанскиот регион, рече Џон Тренор, потпретседател на американската корпорација Амфенол".

Со новите вработувања вкупниот број ангажирани работници ќе се искачи на околу 120. Во условите за вработување во огласот стои дека работниците се ангажираат за полно работно време од 40 часови неделно, а основната плата ќе изнесува 8.100 денари.

Т. Ајтовски

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 131 гости и нема членови


web counter



qr code