Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pozar06.02.2014  Производствениот погон на конфекцијата “Колор Д“ од Кочани настрада во голем пожар при што целосно изгоре горниот кат.

Работничките кои само што ја започнале првата смена први го забележале пламенот и веднаш ја алармирале противпожарната единица.

Огнените јазици биле толку силни што за краток период ја зафатиле внатрешноста на објектот и кровната конструкција. Поради густиот чад дел од вработените останале блокирани во фабриката, заради што пожарникарите биле приморани да ги извлекуваат преку терасите.

Иако интервенцијата била брза, огнот се проширил на целиот објект, па била побарана и дополнитена помош во гасењето.

- Оценивме дека има потреба од повеќе возила и повеќе пожарникари и веднаш е побарана помош од целата единица, односно употребивме четири возила и 12 пожарникари од ТППЕ – Кочани, како и една екипа од ТППЕ – Виница. Пожарот е локализиран, а работиме на догасување на оние материјали кои уште горат. Материјалната штета мислам дека ќе биде голема, а причината ќе ја утврди инспекцискиот надзор, рече Владо Јефтимов, командир на смена во ТППЕ – Кочани.

Гаснењето на пожарот траеше околу пет часа, по што целосно беше ставен под контрола. Од стихијата уништена е целата производствена линија во конфекцијата, како и суровински текстилен материјал и неколку илјади парчиња готови конфекциски единици.

Дополнително оштетување има и кај погонот за обработка на лим на компанијата “Тигар Петровски“, што се наоѓа во приземјето на зградата.

- Имаме и ние штета, не од пламенот, туку од водата. Долу има многу вода, а лимот што ние го работиме е поцинкуван и не трпи вода, па може да оскидира. Има и пластифициран лим, и целата штета е од водата. Има нешто од пламенот ама ситно е, не е страшно, може да се надмине, рече Благој Петровски, сопственик на “Тигар Петровски“.

Првичните проценки се дека вкупната материјална штета е над 250 илјади евра. Иако меѓу присутните очевидци имаше различни изјави за тоа како избувнал огнот, сепак се работи за лични прептоставки.

Истрагата што ја започнаа надлежните служби треба да го даде вистинскиот одговор за причините за пожарот.

Т. Ајтовски

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 118 гости и нема членови


web counter



qr code