Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pogrebalno10.02.2014  Кочанското претпријатие “Погребално“ ДООЕЛ по три години од основањето и самото ќе биде “погребано“. Таков е епилогот од донесената пресуда на Вишиот управен суд по жалбата на претпријатието за престанок на неговото работење.

Во образложението од Судот се вели дека доказите што биле приложени се спротивни од одредени одредби во Законот за гробишта и погребални услуги, односно дека во овој случај основач на таков правен субјект не може да биде Локалната самоуправа.

Исто така, стои дека претпријатието не може да управува со гробиштата и да дава погребални услуги, заради избегнување на негова монополска положба во однос на сличните претпријатија.

Тоа всушност е и главната причина поради која е донесена таквата пресуда што беше последна правна можност за опстанок и со што практично се става крај на работењето на “Погребално“.

На следната седница на Советот на Општината што треба да се одржи в петок советниците ќе немаат друга можност освен да ја прифатат предлог-одлуката за ликвидација на фирмата што сами ја основаа. Според документот што ќе се најде пред нив на разгледување, тие ќе треба да го разрешат досегашниот директор и да се согласат да се назначи ликвидатор. Петте вработени од “Погребално“ ќе се вратат во КЈП “Водовод“ од каде и беа преземени. Исто така, и возилата и останатите основни средства ќе му бидат вратени на основачот, односно на Општина Кочани.

Од ваквата завршница со “Погребално“ најмногу штета ќе имаат граѓаните. Пропаѓа обидот ова претпријатире да бид своевиден регулатор на цените за услугите за погребување, така што приватните оператори ќе останат сами на пазарот. Според ценовникот што ги нудеше претпријатието, тоа беше за 30-40% поевтино во однос на другите даватели на услугите.

Останува отворено прашањето дали ќе се изнајде начин слично претпријатие потворно да заживее, но наместо Општината тоа да добие друг основач. Во општина Кочани во моментот има два оператори за погребални услуги кај кои практично и нема разлика во цените што тие ги нудат за своите услуги.

Т. Ајтовски

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток1°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 81 гости и нема членови


web counter



qr code