12.02.1014 Новиот командир на ПС-Кочани, Гоце Стоиловски во своето прво јавно претставување ги презентираше информациите по однос на годишниот извештај. Тој е засега вршител на должноста, откако МВР експресно и без образложение изврши смена на оваа функција.
Новиот командир не беше расположен за давање изјави. Дојде на седницата на Комисијата за сообраќај, јавна безбедност и противпожарна заштита, кусо го даде извештајот и вети соработка со медиумите.
За причините за разрешувањето на неговиот претходник Бранко Стојановски и назначувањето за вршител на должноста на 16-ти минатиот месец не даде одговор ниту на прашањето на претседателот на Комисијата, туку упати во Министерството за внатрешни.
Рече дека е реален порастот на криминалитетот во Општината, но имаше објаснување за зголемените број случаи на нарушување на јавниот ред и мир.
-Во врска со криминалитетот сакам да кажам дека таа цифра, тој процент е реален, а во врска со нарушувањето на јавниот ред и мир, овде е дадено едно образложение дека реалната состојба не е таква. Бројката е повисока паради поднесувањето барања за прекршочни постапки од 2012 година, рече Стоиловски.
За зголемениот број на сообраќајни незгоди, командирот реферираше дека се предизвикани поради непрописно паркирање.
Со мнозинство гласови, членовите на Комисијата за сообраќај, јавна безбедност и противпожарна заштита го прифатија Годишниот извештај за работата на ПС- Кочани, што потоа ќе биде понуден на усвојување од страна на советниците.
Г.Лалов
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}