18.02.2014 522 активни баратели на работа од Кочани до 29-годишна возраст и со најмалку средно образование можат да се пријават на Програмата за практиканство.
Според евиденцијата на Агенцијата за вработување станува збор за 302 лица со средно образование, 21 лице со тригодишно високо образование, 201 лице со четиригодишно високо образование, како и 8 магистри.
Лани, по трите огласи, обуката ја посетиле 7 лица во 5 фирми. Малиот број се должи на фактот што по првиот оглас програмата стана неатрактивна откако на работодавачите можеа, но не мораа да вработат 30 отсто од практикантите за период од една година, како што тоа во почеток беше предвидено.
Годинава се очекува практиканство да се спроведува и во странските компании кои отворија свои фабрики во земјава.
Со Програмата за практиканство годинава ќе бидат опфатени 319 лица во Македонија , за што се обезбедени средства во висина од 5.150 милиони денари. Младите се ангажираат за период од три месеци при што им се исплаќаат по 6.200 денари за лице месечно со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
Ова е една од трите објавени мерки за вработување со кои се опфатени вкупно 1.670 невработени, а за што се издвоени 44.430.000 денари.
Обуката трае три месеци, со обврска работодавачот да вработи најмалку 50 проценти од вклучените лица во обуката и да не го намали бројот на вработените на неопределено време во рок од шест месеци. Висината на паричната помош изнесува 5.700 денари месечно плус надоместување на трошоците на работодавачот за менторство и обука.
Покрај ова објавен е и оглас за мерката обука за задоволување на побараните занимања на пазарот на труд. Огласот се однесува на 31 вештина која е побарувана на пазарот на труд, а меѓу кои се аргонски заварувачи, ѕидари, монтери на гипс итн. Заинтересираните може да се пријават до 28 февруари годинава, а за да се одржи обуката треба да има најмалку 15 заинтересирани лица.
Г.Лалов
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}