Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zena218.02.2014 Од годините имаше и по десет, па се намалија на пет за годинава за учество да се пријават само три натпреварувачки за манифестација „Вешта жена“ што традиционално се организира во Кочани.

Намалениот број и незаинтересираноста за учество нема да биде причина да не се одржи манифестацијата, рече организаторката на „Вешта жена“ во Кочани Марија Мишева, која годинава за трет пат е учесничка на манифестацијата, а пред минатата година го понесе епитетот„ Вешта жена“ и го претставуваше Кочани на републичката манифестација.

-Оваа година сме само три натпреварувачки. Но, сакам да истакнам дека тоа не е показател дека кочанските жени не се домаќинки и не се вешти во кулинарството.

Напротив, тие сакаат да се докажуваат и покажуваат во секој поглед , па и во кулинарството, рече Марија Мишева, организатор на „Вешта жена“ во Кочани.

Учесничките се натпреваруваат во повеќе категории декорација на десерт, главно јадење, аранжирање на салфета, општ впечаток и цветни декорации. За учество во манифестацијата голем интерес нема, но затоа пак за да се проследи и да се биде дел од неа интересот е голем. За тоа говори распродадениот број карти. Годинава општинската манифестација ќе се одржи во Хотелот „Национал“ во Кочани на 22 февруари (сабота) со почеток во 18.00 часот. Жените ќе ги забавува групата „Хармонија“ од Виница. Влезницата и годинава не е променета и изнесува 400 денари со вклучена вечера.

Победничката на општинската манифестација ќе го претставува Кочани на републичката што ќе се одржи на 10 мај во Тетово, кога ќе учествуваат вештите жени од сите градови од државата.

Кочанските претставнички досега добро го претставува својот град на републичката манифестација. Имаат донесено повеќе први награди во категориите декорирање на маса и за декорација на главно јадење и десерт.

Т. Велкова

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

zena4

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток0°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 85 гости и нема членови


web counter



qr code