Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

NatprevarNanomaterijali219.02.2014 Во СОУ „Ѓошо Викентиев“ се одржа регионалниот натпревар по наноматеријали што е во организација на Технолошко – металуршкиот факултет од Скопје и истиот е подржан од Министерството за образование и наука.

Учествуваа ученици од училишта од Кочани, Штип, Виница, Делчево и Македонска Каменица.

-Денеска во нашето училиште се дојдени 32 тима ученици кои што се натпреваруваат за некоја од темите што ги имаат одбрано и изработено и како проекти доставено до одговорните во Технолошко – металуршкиот факултет во Скопје, истакна Игор Голубов, професор – ментор во СОУ „Ѓошо Викентиев“.

До одреден термин тимовите доставуваа проекти во писмена форма и беа прегледани од професори на факултетот кога најдобрите беа одбрани да учествуваат на натпреварот и да го презентираат проектот.

-Во комисијата имаме пет професори од Технолошко – металуршкиот факултет кои што покрај тоа што ја следат презентацијата поставуваат и прашања со цел да увидат колку учениците го знаат она што го презентираат, додаде Голубов.

Од СОУ„ Ѓошо Викентиев “ учествуваа четири тима ученици кои заеднички работеа со тројца професори - ментори од училиштето. Победниците од натпреварот ќе учествуваат на републичкиот натпревар што ќе се одржи на почетокот на мај во Охрид . Менторите очекуваат дека најмалку еден тим од кочанското училиште ќе добие виза за учество на државниот натпревар. Резултатите ќе бидат објавени на 20 февруари.

Т. Велкова

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

NatprevarNanomatrerijali4

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 73 гости и нема членови


web counter



qr code