Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

angliski324.02.2014 Секоја година учествуваат на државни натпревари и се враќаат со победи и освоени места.

Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ од Виница и годинава се покажаа дека добро се снаоѓаат на државните натпревари по англиски јазик.

Во силна конкуренција на државно ниво освоија две трети места.

-Освоивме две трети места со ученичките Љупка Јованова и Габриела Лазарова на државниот натпревар по англиски јазик. Можам да кажам дека имаше силна конкуренција од 511 ученици од 82 училишта со 86 ментори. Еден час и половина има време учениците да го решаваат тестот кој се состоеше од три дела.

Првиот дел беше читање и разбирање на прочитаниот материја, вториот дел беше употреба на англискиот јазик и третиот дел се однесуваше на Британската култура, рече Јасмина Иванова , професор по англиски јазик во ОУ „Гоце Делчев“ Виница.

Освен личната сатисфакција што ја имаат учениците дека се меѓу првите во државата Петтата приватна гимназија обезбедува и стипендии за најдобрите.

-Ученичките што освоија награди ќе имаат можност да добијат стипендии доколку сакаат да се запишат во петтата приватна гимназија ќе им биде одобрено за плаќање околу 50 %, додаде Иванова.

Подготовките за државниот натпревар започнале од септември минатата година кога се одржал училишниот натпревар и согласно освоените бодови двете ученички се покажале најдобри да го претставуваат училиштето на државниот натпревар.

-Освоив трето место на државниот натпревар и многу сум задоволна од мојот успех. Ова ми е прво учество и веднаш освоив награда. За разлика од минатата година оваа година тестот беше потежок бидејќи имаше посилна конкуренција, но ние сепак успеавме да се вратиме со награди рече Љупка Јованова, ученичка во ОУ „Гоце Делчев“.

Со освојувањето на двете трети награди на државниот натпревар по англиски јазик уште еднаш се покажа дека во училиштето сериозно се работи на унапредување на наставата . Се практикува квалитетна настава и затоа произлегуваат добри ученици. Се повтори минатогодишниот успех кога учениците од државниот се вратија со една втора и една трета награда. Тие се активни и на други полиња и предмети.

-Дека нашите ученици вредно работат доказ е и книгата „Јас и мојот град“ која е издадена од творби на ученици кои конкурираа на темата „Творам за Македонија“ во организација на фондацијата „Никола Кљусев“ . Творбите на ученичките од нашето училиште Ана Павлова и Тамара Ристова кои беа успешно оценети од страна на комисијата беше одлучено да се сместат во оваа книга и со тоа се продолжи традицијата на ОУ „Гоце Делчев“ да се редат успеси оти вакви успеси имавме и минатата година, рече  Розета Донева, директор на ОУ „Гоце Делчев“.

Петтата приватна гимназија на факултетот ФОН од пред три години започна со организирање на републички натпревари . Учениците од „Гоце Делчев“ на натпреварот учествуваат уште од самиот почеток и ги покажуваат своите знаења во англискиот јазик.

Т. Велкова

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

angliski

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 83 гости и нема членови


web counter



qr code