Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zena1024.02.2014 Прво учество и веднаш победничка. Марија Крстева со темата „Фризерски салон“ ја воодушеви публиката со својата убаво украсена трпеза покажувајќи ги своите вештини во кулинарството.

Собра најмногу гласови од публиката и се закити со титулата „Вешта жена“ на Кочани за 2014 година.

Ќе го претставува градот на републичката манифестација во Тетово.

-Многу сум среќна што ја понесов титулата „Вешта жена на Кочани“. Ќе се обидам успешно да го претставам градот на републичката манифестација во Тетово. Долго време се подготвував за манифестацијата и трудот се исплати, рече Марија Крстева , вешта жена на Кочани за 2014.

Годинава четири натпреварувачки собраа храброст, одвоија време, вложија труд да подготват свечено украсени трпези што на крајот им се исплати.

Според гласовите на жири комисијата кои го сочинуваат жени победнички на општински манифестации од повеќе градови од државата прво место во категоријата „Сервирање“ доби натпреварувачката Емилија Лефкова со темата „Невестински фустан“ . Прво место за „Декорација на десерт“ освои натпреварувачката Анета Лазарова со темата „Христовото раѓање“. Во категоријата „Декорација на главно јадење“ најмногу гласови доби годинешната победничка Марија Крстева . Прво место во категоријата „Општ впечаток“ освои Марија Мишева со темата „Фифа спорт“ . Марија Мишева годинава беше и општински организатор на манифестацијата и како натпреварувачка која три години учествува во „Вешта жена“ доби пехар во трајна сопственост.

Сите учеснички добија диплома од „Вешта жена“ и подарок од генералниот спонзор „Орифлеим“, како и цветни аранжмани од цвеќарница „Флора“ и од оранжериите „Добра“.

Вешта жена од минатата година се прошири и надвор од границите на државата. Македонките вештините во кулинарството го покажаа и во Швајцарија.

-Од 4 до 11 февруари избиравме вешта жена во Швајцарија каде што учеснички беа нашите Македонки. Главната поента е тоа што Македонките каде и да се во светот тие се вешти во се. Во готвење, во приготвување на трпеза, на работното место, едноставно во се. Тој позитивен синдром што го имаме ние жените од Македонија можеме да го пренесеме секаде во светот, рече Снежана Стојановска, главен организатор на манифестацијата „Вешта жена“

Водителка и годинава беше атрактивната Ирена Спировска.

-Јас на шега велам дека вештите жени мене ме израснаа затоа што кога почнав да ја водам манифестацијата пред 20 години навистина бев многу млада и од самите почетоци гледајќи ги масите што ги подготвуваа жените низ цела Македонија секогаш велев дека штета е што оваа манифестација се одржува само во Македонија и штета што не можат и луѓето од надвор да видат колку се вешти Македонките. Од минатата година на иницијатива на жените Македонки во Швајцарија се одржа оваа манифестација и таму. Годинава во февруари имав можност и јас да бидам дел од манифестацијата и да присуствувам во Швајцарија и навистина сите 300 гости беа фасцинирани од она што видоа како Македонките подготвиле прекрасни трпези, истакна Ирена Спировска.

Манифестацијата „Вешта жена“ има за цел да ја претстави современата македонска жена, која во 21 век успева да има и кариера, да биде добра домаќинка , сопруга и мајка и тоа е за секоја пофалба. Покрај забавата жените имаа можност и да добијат награди од спонзорите. Главна награда од традиционалната лотарија е патување на островот Крк во Хрватска со вештите жени во кое неизбежно е незаборавното дружење.

Т. Велкова

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

zena12

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 11 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 171 гости и нема членови


web counter



qr code