24.02.2014 2013 година оцената како успешна за ловците од Кочанскиот регион. Во ресторанот Але - Дар во саботата се одржа традиционалната Ловечка вечер чија цел е дружење на ловците од регионот и да се соберат на едно место барем еднаш во годината.
-Евоциравме многу спомени во изминативе години. Имаше и настани и случки и позитивни и негативни работи во однос на ловот и еве на оваа вечер е можност да ги споделиме тие спомени и заеднички да ја крунисаме добро завршената ловна сезона во која имаше добро дружење и забава и добар отстрел, рече Дејан Данев, претседател на ЛЗ „Осогово“ .
Главната награда ловечка пушка „Бокерица“ што ја доделува ЛЗ „Осогово“ отиде во рацете на Оливер Шахинов од Кочани.
-Јас сум ловец повеќе од 20 години. Многу сум среќен што ми се падна главната награда и ќе му се заблагодарам на ЛЗ „Осогово“ што ми ја додели. Ќе имаме богат лов со оваа пушка се надевам, рече Оливер Шахинов , добитник на главната награда.
Освен ловечката пушка се делеа и други вредни награди од спонзорите што ги имаше повеќе на број. Зајаци, фазани, воздушна пушка, футроли за пушки и диво прасе. Ловците задоволни од измината ловна сезона.
-2013 година можам да кажам дека е успешна за мене. Имам отстрелано дива свиња. Волк немам отстрелано , но се надевам дека и тоа ќе биде некогаш. Им препорачувам на сите кои сакаат да бидат ловци да не се двоумат, туку да станат ловци затоа што ловџиството е добро и забавно хоби, рече Александар Штерјов, член на ЛЗ „Осогово“.
-Во ловџиството сум скоро 14 години. Прекрасно е да се биде дел од групата и од ловците од Кочани затоа што да се лови е пред се забавно и вистинска рекреација, а задоволството е поголемо доколку фатиме по нешто , рече Ване Петров, ловец од с. Грдовци.
ЛЗ „Осогово“ од Кочани од самото постоење од 1924 година до денес има многу успеси но и падови. 2013 и 2014 година може да се обележат како години на ловците бидејќи ја покажаа својата организираност и во тешките моменти застанаа на страна на здружението. Моментално здружението брои 350 ловци. Тоа покажува дека во кочанскиот регион ловџиството е главно хоби или задоволство што ќе се негува и во иднина, додаде Данев.
Ловците ги забавуваше атрактивната Татјана Лазаревска со групата „Милениум“ од Кочани.
Т. Велкова
©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
{youtube}
|700|525|0{/youtube}