Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

muzicka26.02.2014 Музичка вечер организираа музичарите од Истокот. Пчеларите, пензионерите и други групи на луѓе си организираат заеднички дружења и веселби.

Од пред три години заедничките собири прераснаа во традиција и кај музичарите и групите од градовите од Источна Македонија.

Ланската година во ресторанот „Слив“, годинава заедничко дружење организираа во ресторанот „Иднина“ во Македонска Каменица. Организатори годинава беа членовите на групата „Модерато“.

-Сакам да им се заблагодарам на сите што зедоа учество во вечерта. Заеднички ја разубавивме и ја продолживме традицијата на собирање.

Благодарност упатувам на сите што помогнаа. За да успее оваа вечер и да биде добро организирана најмногу придонесоа членовите на групата „Модерато“ од Македонска Каменица. Заедничко дружење треба да постои меѓу сите групи без разлика од кој град доаѓаат, рече Јоцо Ѓорѓиевски, член на „Модерато бенд“ , организатор.

Музичката вечер подржана и од градоначалникот на Каменица кој присуствуваше на веселбата.

-Јас како поранешен член на групата „Модерато“ значи сите од оваа група се мои колеги, можам да кажам дека иницијативата за организирање на една ваква вечер во која заедно се дружат музичарите и си разменуваат искуства навистина со задоволство ја подржувам. Фактот дека имаме присуство на над 100 музичари од регионот покажува дека и самите музичари го сакаат тоа и традицијата на организирање ќе продолжи. Покрај активностите што ги спроведуваме со сите други категории на граѓани, со пензионерите, социјалците, образование и други и ова е една добра можност за дружење на граѓаните затоа што и музичарите се дел од нашето опкружување и нашиот живот, рече Дарко Митевски, градоначалник на Општина Македонска Каменица.

Меѓу музичарите имаше познати групи од Кочани, Виница, Берово, Делчево, Македонска Каменица и Штип. Чест со своето присуство им направи и кралот Ферус Мустафов. Во интервју за Канал 8 призна дека жените и музиката го одржуваат во живот.

-Јас би сакал да кажам дека убаво е вака да ги слушам младите генерации како ја учат музиката и како напредуваат на музичко поле. Од присутните на музичката вечер можам да го издвојам Џафер Демиров кој беше мој ученик и навистина е професионалец во музиката, рече Ферус Мустафов.

Членовите на групите на музичката вечер го одбраа организаторот за следната година. Среќата се падна на групата „Унико“ од Виница. Заедничкото дружење траеше до доцните часови.

Т. Велкова

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

muzicka5

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 88 гости и нема членови


web counter



qr code