Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

procka26.02.2014   Карневалите кои последните години станаа голема туристичка атракција , како и палењето огнови и гатањето по повод празникот Прочка воопшто не се во согласност со канонот на православната вера.

Со маскирање и со палење огнови и со гатање нема да ви бидат опростени гревовите, напротив, истото се коси со Типикот на Православната Црква, предупредуваат свештениците. Прочка или Велики поклади е ден на православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост.

Секогаш е 7 недели пред Велигден и е празник на искрената и пожртвувана љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Исус за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.

-Смислата и значењето на простувањето е од големо значење бидејќи треба да си простуваме пред се за да ја покажеме љубовта кон ближниот, а според христијанското учење под поимот ближен се подразбира секој човек без разлика на полот, националност или вера. За пример на смирение и на простување ни е самиот Господ и спасител Исус Христос кој дури и кога го распнувале на крстот се молел на Бога и велел „Оче прости им, незнаат што прават“, рече Димитар Арсовски, ѓакон.

Не мора да се чека празникот Прочка за да се опростат луѓето меѓу себе. Посебно се однесува на оние кои планираат на ги постат Велигденските пости задолжително да се помират со сите што се имаат замерено во текот на годината оти во спротивно нема да бидат причестени, рече Арсовски. Помладиот бара прошка од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.Тековната недела пред Прочка се нарекува сирна недела, кога не се јаде месо, туку дозволено е само млечни продукти. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек.

Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот Велигденски пост. И тука има христијанско правило. Не може да се пости само една недела и да се причестат верниците а потоа да почнат да јадат дури и месо, тоа е недозволиво и во спротивно на правилата на велигденскиот пост.

-Забележуваме една неправилност од страна на верниците и едно искривување на законите. Односно, тие после првата недела постење, се причестуваат и престануваат со постењето. Морам да споменам дека тоа дело воопшто не е угодно на Бога. Нека не мислат дека на тој начин го изиграле Бога, бидејќи тоа е крајно лукаво и неспасително за нивните души. Доколку постиме треба да постиме до крај, додаде Арсовски.

Ѓакон Арсовски рече дека според Типикот на православната црква Велигденските пости се постат на следниот начин. Од понеделник до петок без масло. Употребата на масло е дозволена само во сабота и недела. Риба е дозволена само на празниците Цветници и Благовештение. Освен телесниот треба поголемо внимание да се посвети на духовниот пост, потенцира Арсовски.

На денот Прочка во недела во кочанската црква ќе се отслужи Света Божествена литургија каде што свештениците ќе побараат прошка од верниците. Сите кои ќе постат првата недела можат да се причестат на Тодорова сабота бидејќи тогаш ќе се служи Света Божествена литургија, но само под благослов на духовник.

Т. Велкова

Сподели

©2013 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

procka4

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 112 гости и нема членови


web counter



qr code