28.06.2013 Како временски ограничени простори за паркирање, за чие користење ќе се наплатува соодветен надоместок Општината ги определи:
Градски плоштад “Методија Андонов Ченто“
Ул.“Кеј на револуцијата“ (на потег аптека “Зегин“ до Паркот кај старата станбена зграда, со исклучок на кривината кај ПЗУ “Хемолаб“
Ул.“Маршал Тито“ по целата должина до мостот кај паркот на “Револуцијата“
Ул.“Димитар Влахов“ (од пред зградата на Водостопанство “Брегалница“ до спој со ул.“Коле Неделков“)
Просторот на ул.“Тодосија Паунов“ (ресторан “Елпида“)
Голем паркинг простор кај Трговски центар што гледа кон реката
Просторот внатре меѓу зградите на “Стопанска банка“ “Кармин“ и Водостопанство “Брегалница“
Просторот пред Централен регистар
Паркинг простор кај кула “Треска“
Паркинг простор на ул.“22-ри Октомври“ пред службениот влез на ЈП Македонска пошта.
На временски ограничениот простор за паркирање времето на паркирање за кое се наплатува надоместок е ограничено и тоа: во зимскиот период - од 09,00 до 22,00 часот, а во летниот период од 08,00 до 24,00 часот.
Лицата станари, кои имаат станови на улиците каде е предвиден временски ограничен паркинг простор (со наплата), имаат можност за купување на месечни или годишни повластени карти за користење на паркинг просторот. Правните лица кои имаат седиште на улиците каде паркинг просторот е временски ограничен, имаат можност за закуп на паркинг места за кои ќе плаќаат посебен надоместок.
Висината на надоместокот и за станарите и за фирмите го определува Советот на општина Кочани.
Г. Лалов