Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sv.kiril i metodij

03.03.2014  Повеќе од 10-тина наставнички заминаа на неколкудневно патување во Венеција по повод одбележувањето на празникот на жената - 8 Март.

Во меѓувреме за нив работата ја вршат оние кои не отишле на приватното патување. Часовите на отсутните ги заменуваат други наставнички.

Канал 8 дознава дека одредени часови не се ни одржуваат. Родители на ученици од предметна настава кои изгубиле часови реагираа за тоа и како што дознаваме од нив, часовите на отсутните наставнички не биле заменети од причина што немало кој да го стори тоа, затоа што по одреден предмет сите што го предаваат отишле на прославата.

Замената на наставниците од предметна е покомплексно и посложено од онаа во одделенска настава оти во овој случај нема кој да ги држи часовите. Ако по одреден предмет се случи сите наставнички кои се вработени да ја искористат шансата да отидат на приватното патување, тогаш загубата на часовите е неизбежна, револтирано реагираа родителите кои не сакаа да зборуваат пред камера.

Што се однесува за часовите од одделенска настава родителите не се согласуваат да се врши замена на часовите, оти во тој случај само една наставничка цел ден или два им држи настава на повеќе од 50 деца. Тука се губи на квалитет во самата настава, додаваат родителите и потенцираат дека осмомартовското патување ни најмалку не е реална причина децата да губат или да заменуваат часови во редовната настава.

Колку треба да трпи наставата и учениците заради одредени приватни забави на наставниците, меѓу другото беше тема и на денешната 17-та седница на Советот.

- Може ли вашиот советник за образование да го испратите во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и да утврдите дали децата имаат или немаат настава затоа што некои од наставничките се заминати на приватно патување, праша на седницата Ѓорѓи Алексов, советник.

-Бидејќи советникот за образование е отсутен и го користи правото на годишен одмор, ќе испратиме друг човек кој е заменик на советникот да ја испита таа ситуација што вие ја потенцирате. Јас не верувам дека не се одржува наставата и дека трпат учениците. Не сакам со вакви наметнувања да манипулираме со јавноста дека не се држи настава во ОУ „Св. Кирил и Методиј“. Тоа е многу опасна теза која што се пушта пред камерите, пред советниците и пред граѓаните. Ние ги праќаме децата да учат, а наставниците се таму да им ја одржат наставата, одговори на советничкото прашање Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Отсуствата од работа се дефинирани во Законот за работни односи и одредени наставници во одредени периоди можат да отсуствуваат од работа заради лични или други причини, но она што е посебно важно е да нема прекин на наставата и воспитно - образовната работа, рече државниот просветен инспектор Диме Атанасовски. Според неговите сознанија, како што рече, за помалите ученици од одделенска настава направени се адекватни замени на часовите со цел учениците да не губат од наставата.

Што се однесува за часовите од предметна настава, Атанасовски рече дека нема информации колку и кои наставници отишле на прослава и дали за истите е направена соодветна замена.

8 Март е празник на жената и не дефиниран како државен и затоа треба да се одбележува на сосема поинаков начин. Понекогаш наставничките можат да направат прошетки кои како такви позитивно влијаат на климата и соработката помеѓу нив и мотивациски делуваат на нивната работа, меѓутоа никогаш не смее да се прави на штета на учениците, потенцираше Атанасовски.

Доколку Советот на Општината и градоначалникот покренат иницијава за утврдување дали и колку часови се изгубени и дали се соодветно заменети, тогаш просветните инспектори ќе направат инспекциски надзор и согласно законот ќе се одлучува дали некој треба да сноси евентуална одговорност, рече Атанасовски и додаде дека во конкретниот случај мора да се слушне и мислењето на родителите.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 4 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 120 гости и нема членови


web counter



qr code