Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

SinisaStoilovZrnovci305.03.2014 Под мотото „Со љубов за сите жени во светот“ учениците и наставниците од ОУ „Синиша Стоилов“ му дадоа големо значење на празникот на жената 8 Mарт. Одбележувањето започна со историски час кога се читаа стихови за Клара Цеткин и борбата за правата на жените. За изработка на писмото беше одржана интегрирана настава во која преку штафета наречена „Желба“ учениците изработија 212 срца и рози и искажаа исто толку желби.

-Ние учениците од основното и од подрачните училишта од селата Мородвис и Видовиште подготвивме 212 желби со цел да ја изразиме нашата голема желба за денот на жената и кон нашите мајки. Изработивме 212 срца, 212 рози со цел да ги искажеме нашите 212 желби бидејќи сме 212 ученици во училиштето, рече Отилија Арсенова, ученичка во ОУ „Синиша Стоилов“.

-Јас изработив искази за мама. Во писменцето напишав дека јас мојата мајка ја носам во срце, дека со мајка ми делам душа, дека мама мириса на јасмин и дека мама на своите дечиња им дарува љубов, рече Анастасија Јефтимова, ученичка во трето одделение во ОУ „Синиша Стоилов“.

-Јас во писменцето за мама напишав дека многу ја сакам, дека таа е најдобра на свет, дека има најубави дланки е дека најубаво се смее, рече Барбара Данилова, ученичка во трето одделение во ОУ „Синиша Стоилов“.

Учениците од ова училиште празникот на жената ќе го одбележат и в петок за што подготвуваат хепенинг на кој се поканети претставници од Советот на родители и од Училишниот одбор.

Т. Велкова

Сподели

©2014 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

SinisaStoilovZrnovci2

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 223 гости и нема членови


web counter



qr code